ИСТАНБУЛ ПЛАНИРА ВТОРА МЕТРО ЛИНИЈА ПОД БОСФОР

Сега, кога возовите го поминуваат Истанбул преку преку железничкиот тунел на Босфор, Мармарај, Турција започнува со припреми за изградба на вториот тунел под теснецот, овој пат со метро линија од Азија до Европа.

Турското Министерство за транспорт и инфраструктура планира да изгради три-палубна цевка под Босфорот, од кои на првите две палуби ќе се одвива патен сообраќај, а метро линијата ќе биде на третата, најдолна, палуба. Тунелот од 4,3 километри ќе ги поврзе Бурхание (Burhaniye) и Мечидиекој (Mecidiyeköy).

Тунелот ќе биде централната алка на метро линијата со должина од 30,2 километри помеѓу Инџирли (İncirli) на европската страна на Истанбул и Согутлучешме (Söğütlüçeşme) на азиската страна. Метро линијата ќе има 11 станици во Европа и четири во Азија. Азиските станици вклучуваат поврзување со Мармарај метро линијата, односно поврзување на метро линија М4 и идната метро линија М5.

Проектираниот капацитет на метро линијата е 1,5 милиони патници дневно. Дирекцијата на Министерството за инфраструктурни инвестиции спроведе тест дупчење на седум локации долж планираната рута и вели дека првите тендери би можеле да бидат распишани кон крајот на 2019 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *