ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА АВТОБУСИТЕ КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ ДО СЕГА
Возењето со автобус на на некои патници е секојдневна практика за да се стигне до одредена локација. Иако патувањето понекогаш знае да биде напорно ние ќе се потрудиме да ви доближиме неколку интересни факти за автобусите кои можеби ќе ви го направат патувањето поинтересно или пак ќе научите нешто сосем ново што веројатно не сте го знаеле до сега за автобусите.
Историјата на автобусот
Првиот автобус е воведен во Париз, Франција од страна на еден човек по име Блез Паскал во 1662 година. Овој автобус не е ни сличен со денешните автобуси. Овој вид на автобус е влечен од страна на коњи.
Поради тоа што билетите биле многу скапи овој вид на транспорт се одржал околу 15 години. Следниот автобус со влечна сила од страна на коњи е појавен повторно во 1812 година. Тогаш го добива и своето име како автобус.
Всушност името му потекнува од латинскиот збор „омнибус“ што значи „за сите“. До 1835 година автобусите беа напојувани со пареа, за да 65 години подоцна се измисли автобус со мотор на внатрешно согорување. Се до ден денешен постојат автобусите кои им нудат удобно и безбедно патување на патниците.
Безбедност и сигурност
Автобусите се вушност поодржлив и позелен транспорт од автомбилите бидејќи во еден автобус се возат поголем број на патници, а со тоа се намалува емисијата на штетни гасови. Покрај намалување на загадувањето, овој вид на транспорт е побезбеден начин за патување.
Ако поголем број на патници се возат во автобуси возени од страна на професионални шофери, на патиштата ќе има помалку сообраќај од автомобили и шансата за настанување сообраќајни несреќи драстично се намалува.
Каде се безбедносните појаси во автобусите?
Владините преставници пристапија кон „пасивна заштита“ при седењето во автобус. Автобусите се дизајнирани со високи тапацирани седишта за поддршка на задниот дел на телото и вратот, дури и прозорците се дизајнирани така што обезбедуваат подобра заштита доколку би имало несреќа.
Можеби ви се чини дека автобусите се помалку безбeдни поради непостоењето на безбедности појаси, но всушност тие се побезбедни од повеќето видови на транспорт.
Забавни факти
Најголемиот автобус во светот собира 300 патници. Овој автобус може да се најде во Кина, а истиот требаше да биде редизајниран во три одделни сегменти за да може да се врти по улиците со тесни агли на свиоците.
Автобусите во 20 -тите години од минатиот век, наместо стаклени прозорци имале завеси.
Најдолгата и непроменета рута се наоѓа во Лондон и е основа во 1920 година, се движи помеѓу Хемпстед Стрит и Пимлико со број 24.