ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА ТРАТОН НЕОЧЕКУВАНО ГО НАПУШТА ОДБОРОТ НА ДИВИЗИЈАТА НА ФОЛКСВАГЕН
Големи промени во управувањето со компаниите на Фолксваген Груп. Главниот извршен директор на Тратон, Андреас Реншлер ќе биде заменет со Матијас Грендлер. Позицијата на Претседател на УО на МАН, од која поднесе оставка Јоаким Дрес, ќе ја има Андреас Тостман.
Во вторникот вечер, по состаноците на надзорниот одбор, Фолксваген го најави повлекувањето на Андреас Реншлер (на сликата) од својата позиција на претседател на Тратон и член на управниот одбор на VW.
Реншлер е живописна фигура во индустријата, како што потенцираат германските медиуми, еден од најистакнатите менаџери во секторот на товарни возила. Токму тој го комбинираше работењето на MАН и шведскиот производител на камиони Сканија под покривот на VW и брендот Traton и успешно ја котираше компанијата на берзата.
Неколку минути по објавувањето на оставката, Реншлер, поранешниот извршен директор на Тратон, испрати порака до своите вработени.
Тратон достигна многу силна позиција. Ова е најдобро време да се предаде управувањето со одделот на Фолксваген за товарни возила на нови раце“, германскиот дневен весник Ханделсблат го цитира писмото на Реншлер.
Не само што ќе се повлече Реншлер, се повлекуваат и Јоаким Дрес, челникот на марката МАН и Томас Седран, одговорниот на одделот за комбиња.
Причината за овој потег највероватно е реструктуирањето во МАН и поврзаното намалување на неколку илјади работни места“ коментираат од дневниот весник Ханделсблат.