ЗОШТО Е СТАНДАРДНАТА ШИРИНА НА ПОВЕЌЕТО КОЛОСЕЦИ 1.435 мм?

Стандардната ширина на колосекот во Европа и САД, како и во многу земји изнесува 1,435мм. Американската стандардна мерка на колосекот (растојанието помеѓу двете шини) е 4 стапки и 8,5 инчи или точно 1,435.1 милиметри. Тоа е извонредно чуден број.

Зошто е користена оваа мерка?

Затоа што колосекот е така направен во Англија, а англиските емигранти ги изградиле американските железници.

Зошто Англичаните ги граделе така?

Бидејќи првите железнички линии биле изградени од истите луѓе кои ги граделе пред-железничките трамвајски колосеци, и тоа е мерката што ја користеле. А пак луѓето кои ги граделе трамвајските вагони, ги користеле истите модели и алатки за изградба на железничките вагони, односно користено е истото меѓуосовинско растојание.

Добро! Зошто вагоните го имаат ова меѓуосовинско растојание?

Па, ако се обиделе да искористат било кој друго растојание, имало можност да се скршат тркалата од колата на некои од старите, далечни патишта во Англија, бидејќи тоа е растојанието од тркалата.

Значи, кој ги изградил овие стари патишта?

Римската империја ги изградила првите патишта низ Европа (и Англија) за своите легии. Римските воени кочии се први кои го имаат ова меѓуосовинско растојание, а сите останати кочии биле слични на овој стандард. Стандардната ширина на колосекот е само изведена од оргиналните спецификации на императорската римска кочија! А спецификациите велат задните краеви да се доволно широки за врзување еден до друг на два воени коња.

Следи финале на приказната

Кога ќе го видите Спејс шатлот како седи на лансирната рампа, постојат две големи бустер ракети прицврстени на страниците на главниот резервоар за гориво. Тоа се цврсти ракетни засилувачи, или скратено „СРБ“. Нив ги произведува Тиокол, во нивната фабрика во Јута (САД). Инженерите кои ги дизајнирале сакале ракетните засилувачи да ги направат малку подебели, но бидејќи истите требале да бидат испорачани од фабриката до местото на лансирање со воз кои требал да помине низ тунели, истите морале да се вклопат со пругата.

Тунелот е малку поширок од колосекот, а железничкиот колосек како што сега знаете, широк е колку два коња. Значи, главната конструкција на вселенскиот шатл како најнапредно летало во транспортниот систем е утврдена пред повеќе од две илјади години по ширината на кочијата!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *