ЗАПОЧНА НАПЛАТАТА НА ТОЛ ТАКСА ВО СОСЕДНА БУГАРИЈА

Во Бугарија од 1 март започна системот за собирање на таканаречената тол такса – патарина заснована на поминато растојание на која подлежат моторни возила со максимална дозволена маса поголема од 3,5 тони.

Патарината може да се плаќа преку базниот уред ГНСС, ГПС уред и маршрутен билет.

Маршрутниот билет во пракса подразбира однапред плаќање на патарината, за еднократно патување по одредена маршрута. При барањето за издавање, се означува почетната и крајната точка на маршрутата, до четири меѓуточки и техничките карактеристики на возилото. Ови параметри се основ за пресметка на таксата.

Билетот за траса се издава по плаќање на утврдената сума и важи 24 часа од моментот на активирање. Може да се купи и однапред. Според MGSI, можно е да се купат маршрутни билети на ист начин како и е-вињетите: преку веб страната www.bgtoll.bg, преку мобилната апликација bgtoll, преку терминали поставени во одредени продавници, на бензинските пумпи и на API-пунктовите, како и на шалтерите на граничните премини.

На сајтот на бугарската национална управа за патарини достапен е калкулатор за пресметка на износот на патарината, односно може да се направи пробно купување на маршрутен билет.

Проверката на плаќањата на патарината ќе ја врши посебно одделение на Агенцијата за патна инфраструктура, т.н. тол полиција, преку специјално опремени и обележани возила во кои е монтиран таблет или мобилен компјутер, кој ќе ги регистрира минувачките возила и нивните регистарски таблички.

Доколку при проверката се утврди дека товарното возило ја користи патната мрежа без наплата на патарина, лицето кое управува со возилото е должно да плати зголемена патарина, т.н. компезаторски надоместок. Доколку некое лице одбие да го плати надоместокот на лице место, за да му се овозможи да го продолжи возењето, тој мора да плати максимална патарина за таа категорија на возило (што му овозможува да ја користи патната мрежа само во текот на денот кога е нарачано плаќањето до 23:59 часот) . Плаќањето на максималната патарина не го ослободува од плаќање на компезаторскиот надоместок. Доколку надоместокот не се плати во рок од 14 дена, ќе се плати прекршочна казна од 1.800 лева, односно околу 923 евра.

Возило кое не платило патарина, нема да може да ја напушти Бугарија сè додека не се изврши плаќањето, се вели во соопштението на МГСИ.

Според веб-страницата на бугарската национална управа за патарини, во текот на првиот ден биле продадени повеќе од 20.000 билети за маршрути.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *