ЖАЛБАТА НА СОПСТВЕНИКОТ НА БРОДОТ ЕВЕР ГИВЕН ПРЕД ЕГИПЕТСКИОТ СУД Е ОДБИЕНА

Египетскиот суд ја отфрли жалбата и барањето на јапонските сопственици за ослободување на товарниот брод Евер Гивен, кој го блокираше сообраќајот во Суецкиот канал за цели шест дена во март, пишуваат светските медиуми.

Јапонските сопственици побараа бродот повеќе да не биде задржуван од страна на египетските власти, потврди правниот тим на јапонскиот сопственик Шиа Кисен.

„Ever Given“ е еден од најголемите товарни прекуокеански бродови, кој поради силните странични налети на ветрот за време на преминот низ Суецкиот канал на 23 март, го блокираше водниот пат во каналот, го запре сообраќајот и со тоа ја блокираше глобалната трговска рута потсетува Ројтерс.

Жалбата поднесена од сопствениците на товарниот брод е во прилог на случајот во Апелациониот суд во Исмаилија, во кој управата на Суецкиот канал од сопственикот на бродот бара 916 милиони долари како компензација за блокадата и како услов за негово ослободување.

Судот денес го врати предметот до понизок суд, кој треба да одржи рочиште на 29 мај, потврди адвокатот на јапонската компанија и истакна дека жалбата на која било страна на новата одлука на долниот суд може значително да го продолжи целиот случај .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *