ЕВРОПСКА СТРАТЕГИЈА ЗА МОБИЛНОСТ – ТОВАРНИОТ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ ЌЕ БИДЕ ДВОЈНО ЗГОЛЕМЕН ДО 2050 ГОДИНА
Европската комисија ја објави својата стратегија за одржлива и паметна мобилност и акционен план за трансформација на европскиот транспорт. Целите се однесуваат на двојно зголемување на железничкиот товарен сообраќај до 2050 година, како и на удвојување на брзиот железнички сообраќај до 2030 година. Покрај тоа, значителен фокус е ставен на TEN-T и ERTMS (Европски систем за управување со железнички сообраќај).
Акциониот план има за цел да ги намали емисиите на јаглерод за 90% до 2050 година и да создаде паметен, конкурентен, одржлив и безбеден транспортен систем во Европа.
Зелена цел
Дефинираните мерки се однесуваат на сите видови на транспорт и нивната цел е декарбонизација, како и дигитализација на бизнисот. Сепак, се чини дека железницата игра клучна улога во патничкиот и товарниот транспорт. Покрај тоа, железницата веќе се смета за „најзелена форма на сообраќај“. Обрнувањето поголемо внимание и обезбедувањето на вистинските ресурси може да помогне во нејзино развивање и зголемување на нејзиниот удел, на штета на другите начини кои се помалку еколошки.
Кога станува збор за товарен транспорт, планот да се удвои товарниот железнички сообраќај до 2050 година, значи дека голем дел од стоката што денес патува со камион ќе биде префрлена на железницата.
ТЕН-Т
Покрај тоа, вниманието ќе биде насочено и на мрежата на ТЕН-Т коридорите и ревизијата на нејзините регулативи. Особено, регулативите за TEN-T и железничките товарни коридори ќе бидат заеднички решени со цел да се интегрираат во единствениот систем на „европски коридори за транспорт“. Таквиот потег е доста прогресивен, бидејќи ќе ја зголеми ефикасноста и ќе се осврне на прашања поврзани со должината на товарните возови, капацитетот на товарот и оперативните правила.
Извор: railfreight.com