ЕВРОПСКА ГОДИНА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА 2021 ГОДИНА – НЕФОРМАЛЕН ДОГОВОР СО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Патувањето со железница е зелено, удобно и безбедно – и тоа ќе има клучна улога во напорите на ЕУ да постигне климатска неутралност до 2050 година. Преговарачите од Советот и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за назначување на 2021 година за Европска година на железницата. Во текот на целата година ќе има низа настани и други иницијативи дизајнирани да го зголемат процентот на луѓе и стоки што се превезуваат со железница, во согласност со целите на Европскиот зелен договор.

„Железницата е одговор на многу критични прашања во областа на мобилноста, како што се неутралност на климата, енергетска ефикасност, отпорност на криза и безбедност. Годината на железницата има за цел да му даде поттик на секторот и да охрабри повеќе туристи, деловни луѓе и производители да го изберат возот за превоз.“  – изјави Андреас Шеуер, германски сојузен министер за транспорт и дигитална инфраструктура, претседател на Советот.

Годината на железницата (The Year of Rail) ќе ги промовира железниците како одржлив, иновативен и безбеден начин на транспорт, кој е способен да гарантира основни услуги дури и за време на неочекувани кризи. Ова се покажа со стратешката улога што ја игра железницата во одржување на клучните врски за време на пандемијата КОВИД-19, за транспорт и на луѓе и на основни добра.

Другите цели за оваа година ќе вклучуваат подигање на свеста за прекуграничната европска димензија на железничкиот транспорт и зголемување на неговиот придонес кон економијата, индустријата и општеството на ЕУ.

Од Комисијата ќе биде побарано да размисли за започнување на две визибилити студии. Едната ќе биде создавање на европска ознака за промовирање на стоки што се превезуваат преку железница, а другата ќе ја истражува идејата за индекс на железничка поврзаност, слична на онаа што веќе постои за воздушниот транспорт. Од Комисијата се бара да ги информира Советот и Европскиот парламент за своите планови до крајот на март 2021 година.

Привремениот договор постигнат денес е предмет на одобрување од Советот. Претседателството има намера да го достави договорот за одобрување од Комитетот за постојани претставници на Советот (Корепер) следната недела.

Позадина

Транспортот претставува четвртина од емисиите на стакленички гасови во ЕУ, а емисиите од транспортот сè уште растат. За да се постигне целта за неутралност на климата до 2050 година – како што е утврдено во Европскиот зелен договор и одобрен од Европскиот совет – емисиите на транспорт мора да се намалат за 90%.

Железницата емитува далеку помалку СО2 отколку еквивалентно патување по пат или преку воздух, и тоа е единствениот начин на транспорт кој постојано ги намалува емисиите на стакленички гасови од 1990 година.

Во моментов, 75% од внатрешниот товарен превоз во ЕУ се врши со патниот транспорт.

Што се однесува до политиката на железнички транспорт на ЕУ, 2021 година ќе биде првата цела година кога правилата договорени во рамките на Четвртиот пакет железници ќе бидат спроведени низ цела ЕУ. Овие правила се дизајнирани да го отворат пазарот на домашни услуги за патници и да ги намалат трошоците и административниот товар за железничките претпријатија што работат низ цела ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *