ДАЛИ ПАТУВАЊЕТО СО АВИОН Е БЕЗБЕДНО? ПРИСУТНИОТ СТРАВ ОД ЛЕТАЊЕТО НЕОПРАВАДАН

Некои луѓе само претпоставуваат дека летањето со авион е небезбедно поради КОВИД 19. Постојат многу невистинити претпоставки кои допринесуваат до вознемиреност и воедно луѓето се помалку и помалку патуваат со авион.

Истражување спроведено од почетокот на август од страна на Галуп ги даде следниве резултати, па така 52% од возрасните американци кои барем еднаш летале пред почетокот на пандемијата сега изјавиле дека не би им било пријатно да летаат со авион.  Секако дека е таков период и најбезбедно е да се седи дома, но тоа не значи дека ако патувате со авион веднаш би се разболиле од КОВИД 19.

Но колку навистина е опасно, ако се користи авионот како превозно средство? Податоците сугерираат дека опасноста не е голема.

Во студија објавена на 2 август, Арнолд Барнет кој е професор по статистика на MИT, чиј акцент е здравјето и безбедноста, процени дека патниците имаат шанса 1 : 4300 да се разболат од КОВИД 19, ако авионот е полн со патници и шанса 1 : 7700 патници  ако седиштата меѓу патниците се празни.

Анализата е направена врз  вообичаен домашен лет на авион во САД, со должина на траење на летот од 2 часа во јуни месец кога заразата се ширела врз поголемиот дел од земјата.

Истотака во анализата се претпоставувало дека сите патници би носеле маски. Бернет предвидува дека ризиците од смртност поврзани со КОВИД 19 и патување со авион се движат помеѓу 1 : 400 000 патници и 1 : 600 000 патници. Ваквите податоци од смрност се поврзуваат „со каква и да било активност“  – која би траела 2 часа за време на пандемијата.

Во меѓувреме документираните случаи за пренос на КОВИД 19 се многу малку. Последната недела од август IATA соопшти дека е запознаена со 20 вакви инциденти кај помалку од 50 патници.

Веројатно ваквите бројки во реалноста се многу поголеми, но мерките за следење на контактот на патниците не се сеопфатни. На пример, Ројтерс јави дека администрацијата на Трамп притискала да не се следат контактите на патниците се со цел да се зачува нивната приватност.

Една студија го следела летот на 9 март, помеѓу Франкфурт и Тел Авив во кој имало 7 заболени патници со КОВИД 19, кои биле позитивни веднаш по пристигнувањето. Четворицата автори на оваа студија утврдиле дека овие 7 патници пренеле КОВИД 19 на други двајца патници, иако тој пренос можел да се случи и пред и после летот со авион. Авторите истакнале дека може да се случи и дополнителен пренос, бидејќи седумината не можеле да бидат во контакт со сите преостанати 102 патници во летот.

Протокот на воздух од таванот кон подот и од предниот кон задниот дел на авионот може да е поврзан со намалена трансмисија на вирусот. Истотака носењето на маски од страна на патниците може да го редуцира пренесувањето на вирусот дополнително. – се вели во извештајот на студијата објавена во списанието Public Health.

Деновиве патниците кои патуваат со авион ширум светот носат маски, освен кога јадат и пијат. Американските превозници се обидоа стопроцентно да ја воведат мерката за задолжително носење на маски.

Авиокомпаниите истотака спроведуваат и мерка на задолжително чистење на авионите помеѓу летовите. И како што истакнаа германските авиопревозници нивните авиони се опремени со филтри кои се на ниво на филтрите кои се употребуваат во болниците.

Сепак летањето со авиони вклучува висок степен на меѓучовечка интеракција  „лице в лице“ и во самиот авион и на аеродромите.

Кога луѓето ќе прашаат дали е безбедно да се патува со авион, одговорот е дека патувањето е безбедно но предусловено од многу фактори и не е без апсолутен ризик. Но тој ризик секако е толку голем како некои од луѓето што претпоставуваат дека навистина е.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *