ГЕРМАНСКАТА ВЛАДА ЈА ПОТПИША ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРОГРАМА ВО ВРЕДНОСТ ОД 86 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Германија: На 14 јануари во присуство на Федералниот министер за финансии Олаф Шолц, беше потпишан договорот за работа и финансирање на железничката компанија „ЛуфВ III“ во вредност од 86 милијарди евра, за периодот 2020 – 2030 година од страна на Федералниот министер за транспорт, Андреас Шеуер, извршниот директор на „Дојче Бан“, Рихард Луц и членот на управниот одбор за инфраструктура, Роналд Пофала.

Десет годишниот договор предвидува да се потрошат 86 милијарди евра за одржување и обновување на националната железничка мрежа; ДБ вели дека просечниот годишен просек од 8,6 милијарди евра годишно е за 54% повеќе отколку во претходниот петогодишен план. Федералната влада ќе учествува со 62 милијарди евра, а националниот оператор ќе обезбеди 24 милијарди евра од сопствени ресурси, со сите приходи кои треба да бидат реинвестирани.

За изведувачките работи се утврдени регулаторни барања за обнова на инфраструктурата, вклучително и низа индикатори за квалитет. Сојузниот железнички регулатор ЕБА ќе ја процени ефикасноста на ДБ преку 17 критериуми, со воведување казни доколку не се исполнуваат договорните услови.

„Со најголемата инвестициска програма во историјата на ДБ, создаваме долгорочна и сигурна инвестициска перспектива за модерна и еко-прифатлива железничка мобилност“, рече Шолц.

Предвидувајќи дека „wow“ ефектот доаѓа, Шеуер рече дека 2020-тата година ќе биде „брилијантна ера за железницата“, при што патниците ќе имаат корист од замена на застарените системи, подобрена пристапност и подобро управување со градилиштата, додека преку поправки ќе се решатпоголемиот дел од мостовите. Работата ќе вклучи обновување на околу 2.000 км пруга и 2.000 станици секоја година, како и модернизација на 2.000 мостови во текот на 10 години.

Извршниот директор на ДБ, РихардЛуц, нагласи дека „инфраструктурата е основа не само за раст и промена на модалитетот, туку и за оперативен квалитет и високата точност“, односно 10-годишниот договор за услуги и финансирање, ќе и овозможи на ДБ да се справи со заостанатите инвестиции и фундаментално да ја модернизира инфраструктурата. „Ова ќе ја направи железничката мрежа поцврста и посигурна, а станиците ќе станат попривлечни“, објасни тој.

Пофала изјави дека долгорочниот договор ќе овозможи во иднина на ДБ поголема соработка со градежната индустрија, да развијат проект планови за идните инвестиции, да поддржуваат иновации и да ја искористат најдобрата понуда преку секторот за снабдување.

Договорот го поздрави здружението на железничката индустрија ВДБ. „Рекордните инвестиции во железницата се рекордни инвестиции во заштитата на климата“, рече генералниот директор Бен Мабиус, додавајќи дека секторот за снабдување е „подготвен да ја реновира, модернизира и дигитализира железничката мрежа“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *