ВО ТЕК Е ИНВЕСТИЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ПРИСТАНИШТЕТО ПИРЕЈА
Грчкиот министер за пловидба и островска политика, Јоанис Плакиотакис, рече дека модернизацијата на пристаништето Пиреја се одвива по предвидениот план. Тој истакна дека грчките пристаништа продолжиле да работат за време на пандемијата COVID-19.
„Инвестицијата на Кина во Пиреја е стратешка и може да помогне на локалната економија и општеството. Ние мора да одиме напред според планот. Информираме дека се враќаме во нормала и инвестициите се одвиваат непречено“, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа.
Во октомври минатата година, грчкиот комитет за планирање и развој на пристаништата (ЕСАЛ) го одобри инвестицискиот план за пристаништето Пиреја (ППА). Тој не вклучува четврт терминал за контејнери претставен од ППА. Ве потсетуваме дека во 2016 година кинеската компанија COSCO Shipping се здоби со голем дел од акциите на ППА.
„Нашата влада го одобри за три месеци (минатата есен) ревидираниот генерален план на инвеститорите, кој предвидува задолжителни инвестиции во вредност од повеќе од 600 милиони евра (647 милиони американски долари)“, изјави Плакиотакис.
Покрај модернизацијата и проширувањето на постојните капацитети, грчката влада се фокусира на задолжителните подобрувања во инфраструктурата, особено во делот за ремонтирање на бродовите.