ВО МАЈ СЕ ОЧЕКУВА ВРВОТ НА КРИЗАТА ВО БРОДСКИОТ ПРЕВОЗ
Аналитичарите очекуваат дека во наредните 5 недели ќе има најголем број откажани пловења по главните морски линии.
Ова е забележано уште во април од страна на Родолфо Сааде, шеф на француската контејнерска линија CMA CGM.
За рутите од Азија до источниот брег на Јужна Америка, „Sea-Intelligence“ објави пад на капацитететите на бродовите за 59%.
Само до 27 април беа откажани 456 пловидби заради пандемијата. На линијата Азија-Европа и транс-пацифичкиот пат, само во мината недела споредбено со лани капацитетот на бродовите е намален за 300.000 TEU.
Sea-Intelligence предупреди во својот последен извештај дека заради многуте празни пловења, бродскиот превоз влегува во период кога извозот на полни и празни контејнери од Европа за Азија во одредени недели ќе го надмине капацитетот што го нудат линиите.
Предложениот капацитет за транс-пацифичките превози исто така се намалува, но не во иста мерка како рутатата Европа-Азија.