ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА – ИНТЕГРИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ПОСТОЈНАТА МРЕЖА

Како повеќе луѓе може да го користат велосипедот како превозно средство за време на пандемија? Како новата инфраструкрура може да се интегрира во постојната мрежа за транспорт? Дали делувањето во ова поле од страна на Владата треба да биде долгорочно?

Во оваа насока британската Влада започна да делува и да носи соодветни промени односно да спроведува „патна револуција низ улиците, заедниците и градовите“. Притоа укажа дека ќе вложи 2 милијарди фунти кои ќе бидат наменети за повеќе пешачење и користење на велосипед.

Сите овие промени се вклучени во стратегијата т.н. Gear Change, која од страна на премиерот на државата беше ставена како приоритет.

Стратегијата за промена на брзината односно стратегијата Gear Change утврдува се она што е од заедничко значење, дека се повеќе луѓе треба да го користат велосипедот како превозно средство особено ако патуваат на кратки релации, тоа воедно ќе помогне во намалување на емисиите на јаглерод диоксид, ќе се намали гужвата во сообраќајот, ќе се намали севкупното загадување и ќе се подобри физичката активност на луѓето.

Обезбедување на промената на активните режими стана многу актуелно и важно особено со појавата на вирусот КОВИД 19 и прогласувањето на светската пандемија. Во исто време опадна користењето на автомобили особено со појавата на периодот на затворање и мерките за заклучување поради КОВИД 19 (многу работници останаа да работат од дома, а децата продолжија со online настава).

Бидејќи јавниот превоз е сеуште ограничен во својот капацитет на превоз на патници поради препорачаната социјална дистанца, постои реален ризик дека сообраќајот ќе ги надмине состојбите пред пандемијата.

Затоа британската влада инсистира луѓето да се движат поактивно, но воедно се потрудиле да најдат пари и начини како сето ова да го реализираат на терен.

Поголема застапеност на велосипедизмот

Смелата визија на британската влада воедно бара и храбри потези и акција на терен. Во минатото сме сведоци на многу стратегии на различни влади кои се обидуваат да привлечат поголем број на луѓето да го практикуваат велосипедизмот и да го користат како превозно средство кога условите тоа го дозволуваат.

Се оди кон тоа да се зголеми процентот на луѓе кои ќе го користат велосипедот и ќе го заменат автомобилот со него, но во оваа насока треба да се делува на повеќе аспакти.

Во прв план е безбедноста на користење на велосипедот, па така во Англија скоро 60% од повозрасната популација верува дека велосипедот е несигурен начин на транспорт. Па затоа се верува дека поголем број од родителите нема да им дозволат на нивните деца да патуваат со велосипед до училиште и назад до домот.

За да се разреши овој проблем се оди кон тоа да се одделат патиштата на кои се движат автомобили со оние по кои треба да се движат велосипедите. Во исто време се намалува брзината на движење на автомобилите особено во деловите каде треба и велосипедистите да поминуваат.

Се планира нова структура на патиштата кои ќе бидат поприемчиви за велосипедите и дека истите ќе бидат обезбедени на патиштата бидејќи реално се ранлива категорија на патишата.

Овие промени се комбинираат со едукација и обука на велосипедистите и зголемен пристап на велосипедска патека.

Треба да се делува и на онаа категорија на луѓе кои најмалку би го употребувале велосипедот како превозно средство од најразлични причини, да го прифатат овој начин на транспорт особено ако местото на живеење, работење или учење им е во близина.

Па така според спроведено истражување, скоро 55% од малцинските групи кои никогаш не возеле велосипед имаат желба истото да го сторат, потоа 38% од луѓето кои немале можност да користат велосипед воопшто до сега, би сакале да го сторат тоа во иднина, процентот на жени во таква ситуација е 36% кои би сакале да возат велосипед, а немале можност, истотака и 31% од лицата со инвалидите кои никогаш не возеле велосипед би сакале да можат да го користат како превозно средство.

Во ова насока треба да се делува и да се подобри ситуацијата кај различни социјални групи и притоа да им се даде можност да го користат велосипедот као превзоно средство.

Добрата вест е дека стратегијата Gear Change би требало да ги реши овие проблеми и да ги задоволи проблемите на различните социјално – ризични групи на граѓани и да им овозможи да го користат велосипедот како превозно средство.

Воведување и интегрирање на нови мерки

Постојат многу работи кои може да се направат и да се направи значајна промена на патната инфраструктура за да се интегрира велосипедската патека:

  • Созадавање на директна, кохерентна и безбедна мрежа на патни правци до домовите, училиштата, работните места, превозните постојки за јавен транспорт;
  • Имплементирање на едноставни маала со намален сообраќај и ограничена брзина на движење, за да се намали густиот сообраќај низ станбените улици;
  • Обезбедување на повеќе паркинг места за велосипеди во јавни установи и објекти од јавен карактер, продавници, центри за јавен транспорт, во близина на работните места, училиштата и
  • Тендениција кон тоа сите новоизградени стамбени објекти или приватни куќи да имаат пристап за велосипедската инфраструктура

Но сите овие аспекти треба да се разгледаат од техничка природа дали е можно секаде да се спроведат и да се проверат капацитетите на локалната заедница за нивно прифаќање.

Велосипедизмот на локално ниво

Мора да се разгледа просторот особено во оние градови кои имаат тесни улички и уште потесни тротоари. Просторот за изградба на нова инфраструктура за возење на велосипед може да биде ограничен од многу причини и на разни начини. Па затоа треба да се обмисли пренамената на веќе постојните патишта, наметнување на нови ограничувања во нормалниот сообраќај се со цел вклучување на поголем број на луѓе во рамките на велосипедизмот на локално ниво.

Целта е да се натераат луѓето кои  може да го користат алтернативниот начин на превоз како што е велосипедот да го сторат тоа и да им ослободат место во јавниот превоз на оние луѓе кои реално не можат со пешачење или со возење на велосипед да стигнат до саканата дестинација.

Ако на локално ниво се дејствува во правилна насока, тогаш централната власт би требало правовремено и правилно да ги финансира начините на реализација на овие планови на активно патување. Следењето на начините на реализација само може да им ги подобри перформансите на локално ниво и во таа насока е формирана Active Travel England, која би требала да известува за постоечкиот напредок за стратегијата Gear Change.

Но секако мора да се јават и некои недостатоци,а особено се поврзани со финансиските средства и со необучениот персонал, за спроведување на плановите, но со надеж дека препреките ќе се надминат и дека активното патување ќе стане секојдневна глетка од патиштата во Велика Британија.

Воедно мора да се воведат иноватни решенија  ко би резултирале со длабока свесност дека подобро е да се пешачи или да се вози велосипед отколку да се патува со автомобил.

Па затоа се земаат локалните консултации и  препораки во предвид за да се надминат проблемите кои се јавиле во минатото или би се јавиле во иднина како еден вид на отпор кон активното патување.

Иднината на велосипедизмот и пешачењето

Пандемијата со КОВИД 19 силно влијаеше на начинот на кој започнавме да патуваме. На среден рок гледано постои голем ризик од прекумерна употреба на автомобилите за превоз од точка А до точка Б, појава на хроничен метеж и висок  процент на загадување. Затоа и се оди кон навремени промени и финансирање на активното патување наспроти индивудуалното користење на автомобилот како начин на превоз.

Па покрај користењето на велосипедот се препорачува и пешачењето како опција за извршување на секојдневните обврски особено истото ако не одзема повеќе од 20 минути движење во еден правец.

Истотака се планираат и населби во кои движењето со автомобил би било ограничено или воопшто не би било дозволено. Бидејќи населението во Велика Британија е во постојан пораст мора и навремено да се мисли на активното патување и притоа планирањето на ваквите населби е од круцијално значење ако се земе во предвид намалување на загадувањето и подобрувањето на здравјето на луѓето.

Па затоа треба да се престане со изградба на населби во кои жителите се зависни од автомобили за да можат да си ги завршат секојдневите обврски и да се мисли како ќе може да се оформат населби во која жителите пешки или користејќи велосипед ќе си ги извршуваат своите обврски.

Се надеваме дека во блиска иднина ќе бидеме сведоци на македонска владина седница на која ќе се утврди државната стратегија за развој на велосипедизмот и пешачењето, до тогаш продолжуваме да влиаеме на јавното мислење и да ја зголемуваме свеста кај нас граѓаните бидејќи немаме алтернативна планета и втор живот за живеење.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *