ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ ОБУЧИ 50 ИЛЈАДИ ЦАРИНСКИ АГЕНТИ, А ПРЕВОЗНИЦИТЕ САКААТ ВЛАДАТА ДА ГО ПРОДОЛЖИ ТРАНЗИЦИСКИОТ ПЕРИОД НА БРЕГЗИТ

Британската влада се јави со помош до деловната заедница преку формирање на „академија за царински агенти“ што може да им помогне на компаниите да се подготват за трговијата со ЕУ на крајот на транзицискиот период  на Брегзит кој е закажан за 31 декември, пренесува „Фајненшл тајмс“.

Министерството за финансии издвоило 34 милиони фунти за обука на царински агенти, со понатамошното финансирање треба да биде објавено во наредните недели.

Асоцијацијата за патен превоз (РХА), сепак, тврди дека ниту превозниците, ниту владата не можеле правилно да се подготват за Брегзит во изминатите недели заради пандемијата на коронавирус и кризата што ја предизвикала.

„Превозните фирми ќе треба време да се опорават и да се реорганизираат откако економијата ќе започне да се враќа во нормала и едноставно нема да може да се подготви за новите трговски аранжмани до крајот на оваа година “- тврдат од РХА. – „Периодот на транзиција едноставно мора да се продолжи“.

Британските превозници во криза

Бидејќи околу 46% од возниот парк во Велика Британија моментално е паркиран, на неколку превозници им прети опасност трајно да престанат со работа, изјави Ричард Бурнет, главен извршен директор на РХА во програма на Би-Би-Си Тудеј. На компаниите им е потребна итна финансиска инјекција за да останат во живот – додаде тој.

Малите и средни претпријатија навистина се борат. Мерките кои Владата ги донесе, едноставно, не функционираат. Просечен превозник ќе направи маргина од 2% и ќе има проток на готовина од две до три недели во неговиот бизнис.

„Имаме превозници во моментот, кои не можат да го вратат назад на работа својот персонал, затоа што немаат доволно пари за да им платат на овие вработени“, изјави главниот извршен директор на РХА, Ричард Бурнет. – „Ни треба готовина, ни требаат грантови, потребна ни е помош за да се балансира и да се нормализира овој проблем со протокот на пари, бидејќи системот на кредитирање едноставно не работи во овој момент.“

Царинска академија на Велика Британија

Според РХА, приближно 200 милиони дополнителни обрасци би требало да се пополнуваат секоја година доколку Велика Британија склучи канадски трговски договор со ЕУ и поради тоа ќе бидат потребни 50.000 дополнителни царински агенти за решавање на овие бирократски формалности.

„Но, дури и ако се најдат нови агенти и обучат на време, односно до крајот на транзицискиот период, фирмите сè уште не знаат какви обрасци ќе бидат потребни, како да ги пополнат, кој е одговорен за кои обрасци или каде тие ќе треба да се испратат “- велат од РХА.

Царинската академија на Велика Британија е основана на барање на британската канцеларија за приходи и царина (HMRC) со цел да се поддржи развојот на „робустниот и одржлив“ сектор на царински посредници во иднина, преку вложување во квалитетна обука и усовршување.

Академијата нуди разни курсеви за учење на далечина. На пример, за интернетската царинска декларација може да се спроведе доувршување на 5-часовен курс за дигитално е-учење за 230 фунти +  ДДВ или 3-часовно дигитално е-учење, плус еднодневен курс за лице в лице за 399 фунти + ДДВ. Сепак, апликантите можат да бараат целосно финансирање од владата за да ги покријат трошоците на овој курс за обука.

Според РХА, целосно обучен и искусен царински агент може да управува со околу 20 царински декларации на ден – што значи дека од 50.000 агенти ќе се бара да се справат со очекуваниот обем на работа.

Доколку на секој агент му биле платени 30 000 фунти годишно, тоа би изнесувало дополнителни трошоци од 1,5 милијарди фунти годишно за компаниите, проценува The Belfast Telegraph.

Додека скоро половина од британските возила не работат со недели, трошоците за обука и вработување на царински агент може да бидат огромен товар за превозниците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *