ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЗАПОЧНА СО НАДВОРЕШНО ТЕСТИРАЊЕ НА ПАМЕТЕН АВТОНОМЕН ТРАНСПОРТЕН МОДУЛ
Купувачите во отворениот трговски центар во Велика Британија имаат можност да ги испробаат автономните и паметни транспортни модули во текот на оваа недела, кои работат независно, без управување.
Автономните автомобилски модули се тестираа во рамки на трговскиот центар Cribbs Causeway во Глостершир во период од 10 часот наутро до 16 часот попладне секој ден, притоа превезувајќи луѓе од еден до друг коридор, како и низ пешачките зони.
Овој проект е наречен CAPRI и е воден од страна на конзорциум составен од деветнаесет компании и научни институции кои се надеваат дека ќе воведат ваков тип на превоз како стандарден модел на превезување ширум патиштата низ Велика Британија.
Џорџ Лант, технички директор на компанијата за инфраструктура AECOM, изјави :„ За да може оваа идеја да се реализира соодветно, од витално значење е јавноста да го испроба и искуси овој вид на транспорт и да има во предвид дека ќе може да го користи во иднина. Ова би допринело оваа услуга на мобилност потенцијално да го трансформира начинот на патување.“
Автономните паметни транспортни модули користат оптички сензори и радари за да можат да се движат низ места преполни со пешаци, детски колички и велосипеди. Автономните транспортни модули се пуштени во јавност за да се види дали имаат некои технички проблеми и истите да се отстранат. Воедно истражувачите ја испитуваат и реакцијата на јавноста, се со цел да се увиди дали има можност овие транспортни модули да се пуштат во оптек до крајот на годината.
Avoidance testing live on @SkyNews, was I worried… not at all! 😬 Great work from the @AECOM @CapriMobility team. pic.twitter.com/mRxJXU5LIf
— James Banks (@Tweetingbanksy) January 21, 2020
Ова не е првпат да се тестира автономен транспортен модул на територијата на Велика Британија. Проектот GATEway ги пушти во функција своите транспортни модули по патиштата на Гринич уште во 2016 година. Додека пак вакви автономни превозни единици т.н. „Heathrow Pods“ се користат на најпрометниот аеродром во Велика Британија.
Сепак проектот CAPRI ја означува првата беспилотна иницијатива приближувајќи се до автономен јавен транспортен систем.