БЕРТА БЕНЗ: ПАТУВАЊЕ ШТО ПРОМЕНИ СÈ
Ова е првиот автомобил направен досега. Конструктор на автомобилот е Карл Фридрих Бенз, а на сликата е неговата сопруга Берта Бенз. Тие се оснивачи на компанијата што денес ја познаваме како Мерцедес-Бенз.
Приказната зад оваа слика е многу интересна, и се одвива вака…
Поточно, Берта Бенз го финансира развојот на идејата, бидејќи потекнува од богато семејство. Тие, сите пари што биле наменети за набавка на нивниот нов семеен дом ги инвестирале во развојот на оваа скаламерија.
Карл Бенз бил извонреден конструктор, но не и многу талентиран за маркетинг и бизнис. Автомобилот е направен, но сè уште никој не знаел дека постои. Берта решила да ги преземе работите во свои раце и да работи на маркетинг на овој нов изум.
Првото патување
Едно утро во договор со нејзините двајца сина (на сликата) додека Карл сè уште спиел тргнале на патување со ова возило. Нејзината идеја била да се вози низ центарот на разни германски градови, а луѓето да излезат по скверовите и плоштадите и да започнат да зборуваат за овој нов изум. Тие тргнале во зората од родниот Манхајм и стигнале до Пфорцхајм, на 100 километри оддалеченост.
Првото патување е направено во август 1888 година. Берта имала 39 години, а нејзините синови биле на 13 и 15 години возраст.
По патот, имале различни технички проблеми што Берта успешно ги надминувала. Доводот за гориво се запушувал, така што Берта ја користела иглата од нејзината капа за да ја отпуши. Потоа се појавил проблем со една жица, а Берта го отстранила гардерот од нејзиниот чорап и импровизирала изолацијата на жицата за водот.
Сопирачките почнале да се израмнуваат од диретното триење со текот на возењето, па Берта застанала по пат кај чевлар и го замолила да залепи кожа над металот, за да го намали триењето. Со тоа ги измислила првите сопирачки облоги.
На половина пат, тие истанале без гориво. Берта застанала во аптека и купила петролеј. На ова место денес стои плочата „ова е првата бензинска пумпа во светот“.
Ова прво патување со автомобил се покажало како полн маркетиншки хит и се смета за клучен момент што го иницирало развојот на автомобилската индустрија. Луѓето излегле масовно на улиците, а некои дури исплашени говереле дека сатаната е под хауба. Следниот ден, весниците низ цела Германија пишувале за овој нов изум, а набрзо стигнале и првите нарачки од луѓе кои сакале да го имаат овој автомобил. Така е создадена фабриката „Мерцедес – Бенз“ и првите автомобили.
Патем, Берта Бенз според денешниот закон би имала право на патент за првиот автомобил, како инвеститор . Сепак, во тоа време, според германскиот закон мажена жена немала право да биде сопственик на патентот.
Денес
Денес овој примерок од првиот германски автомобил е изложен во музејот „Мерцедес“ во Штутгарт, СР Германија. И уште една работа, Карл Фридрих Бенз и Готлиб Дајмлер биле современици кои живееле на само 100 км едни од други, без воопшто да се сретнат. По нивната смрт и под притисок на Дојче Банк, нивните компании се споени во Дајмлер АГ, како што денес се нарекува компанијата.
Започнувајки од 1 ноември 2019 година, фабриките за производство на патнички автомобили повторно се нарекуваат Mercedes Benz Cars, но под покровителство на Daimler AG.