АВТОПАТОТ НА КОРИДОРОТ 10 ПРЕКУ ГРДЕЛИЧКАТА КЛИСУРА ЌЕ БИДЕ ПУШТЕН ВО СООБРАЌАЈ ВО САБОТА, 18 МАЈ 2019 ГОДИНА

Иако, во изминатите неколку дена, српскиот претседател Александар Вучиќ, министерката Зорана Михајловиќ и самото министерство за сообраќај на Р. Србија „лицитираа“ со точниот датум на отворање на автопатот кон Северна Македонија и Грција – на 15, 16 или 17 мај, Министерството сега потврдува дека свечената церемонијата ќе биде организирана во сабота, 18 мај во попладневните часови.

Автопатот на Коридорот 10 преку Грделичката клисура ќе биде пуштен во сообраќај во саботата, 18 мај 2019 година, во попладневните часови. Медиумите ќе бидат информирани навремено за сите детали во врска со точната локација, почеток на настанот и други информации во врска со обележувањето на завршувањето на работите, информираат од Министерството за сообраќај на Р. Србија.

Според неофицијални информации, церемонијата ќе започне во 18 часот кај мостот преку Врле, додека во 20 часот патот ќе биде официјално отворен од самиот Вучиќ.

Во прашање е најтешкото градилиште во Европа, на должина од 26,3 км, имаме 33 мостови, меѓу кои и највисокиот мост Врла и најдолгиот тунел Предајане и Манајле. Зад нас се многу тешки интервенции и огромна работа и горда сум на сите работници што учествуваа во изградбата – вели Михајловиќ.

До крајот на годината, источниот крак на Коридорот 10к кон Бугарија се очекува да биде пуштен во сообраќај, додава Министерката.

Делот од Лесковац кон Табановце од Коридорот 10 се гради повеќе децении, а целиот проект го следат проблеми – од нарушување на косините за кој досега не е утврдена никаква одговорност до постојано менување на проектот и пробивање на роковите.

Експертите проценуваат дека децнењето во изведување на работите на Коридорот 10 е поради слабата подготовка на работите и проектната документација, нереалните ветувања дадени од политички причини, но и поради недостатокот на домашна градежна оператива што ќе ја изврши оваа задача на најсоодветен начин.

Поради уривањето на косините, дел од кабинетот на Михајловиќ „се пресели“ во клисурата Грделица на почетокот од декември за да „надгледува“ и да ги забрзаат работите.

Извор: www.juznevesti.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *