ПРЕТСТАВЕН МАГЛЕВ ПРОТОТИП СО БРЗИНА ОД 600 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС

КИНА: ЦРРЦ Кингдао Сифанг (CRRC Qingdao Sifang) на 23 мај претстави два прототипа на вагони наменети за истражување на маглев системот од 600 км/ч.

Локалнo развиениот прототип со должина од 53 метри се состои од возен вагон и среден вагон. Прототипот е изграден како дел од петгодишната програма за развој на маглев објавена од Министерството за наука и технологија во 2016 година.

Под водство на ЦРРЦ Кингдао Сифанг, проектот има вкупен буџет од 3,2 милијарди јуани, од кои владата одвои 433 милиони јуани, а остатокот ќе го подмири групацијата ЦРРЦ.

Програмата вклучува изградба на тест-стаза од 5 километри во областа Кингдао до 2021 година, што ќе овозможи истражување на дизајнот на вагоните, комуникациите и техниката на напојување. Работите на тест-центарот се веќе во тек, а првите објекти се очекува да бидат подготвени до крајот на оваа година.

Според заменикот на главниот инженер на ЦРРЦ Кингдао Сифанг, Динг Сансан, која е на чело на маглев истражувачкиот и развојниот тим, прототипот веќе постигнал „статичка левитација“. Таа ќе се користи „за да ги оптимизира клучните технологии и основните системски компоненти на јадрениот систем за маглев составот за големи брзини, односно ќе биде технолошката основа за претстојниот инженерски прототип“, објасни таа.

Прототипот на гарнитура со пет вагони треба да биде готов во 2020 година. Потоа ќе се спроведе сеопфатна програма на тестирање, при што фазите на интеграција и верификација треба да бидат завршени до 2021 година.

Кина веќе има развиено маглев линија со мала брзина, која работи во комерцијален сервис како снабдувач на метро линијата во Пекинг. Како дел од програмата иницирана од владата, CRRC Zhuzhou Electric Corp води истражувања за варијанта во „средна брзина“ погодна за примена од 200 км/ч.

Извор: www.railwaygazette.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *