НЕВООБИЧАЕНИ ВИДОВИ НА ТРАНСПОРТ ВО СВЕТОТ

Можеме да кажеме дека автобусите, возовите и такси возилата се познати транспортни средства, но не секогаш формата која ја имаат може да биде препознатлива за патникот. Во некои случаи овие транспортни средства се едноставно многу чудни за гледање и користење.

Подземната жичница во Турција

Овој вид на жичница во Турција е еден вид запчана железница каде што вагонот се движи нагоре и надоле по ридот со помош на еден кабел. Истанбулскиот тунел е во подземна верзија ( поради што се води и како метро), трасата што ја опфаќа е околу половина километар со 60 метарска надворска разлика меѓу морскиот брег и Златниот рог на почетокот на познатиот трговски центар за пешаци „Истиклал Кадеди“ (авенија) во Бијошлу.

Жичницата е отворена на 5 декември 1874 година, па така ова метро е второ по старост после лондонското метро. Овој вид  на транспорт бил толку ефикасен, што во градот е додадена уште една жичница која го поврзува ферибродскиот терминал со метрото.

Вело-такси во Виетнам

Во Виетнам е популарно туристите да го користат овој вид на транспорт за да може туристички да го разгледаат градот, особено во Стариот кварт на Ханои и прекрасното езеро Хоан Кием.

Домашното население ги користат овие вело-таксиња за да можат побрзо да стигнат до посакуваната дестинација, бидејќи сообраќајот во Виетнам е доста хаосен. Во секој случај овој транспорт е многу побрз и поодрржлив од автомобилите.

Брод-такси низ каналите во Бангкок

Бангкок понекогаш се нарекува „Венеција на истокот“ поради својата мрежа на водени канали. Такси бродчињата по речните и водните канали се многу важен дел од превозниот систем низ Бангкок и во повеќето случаи се многу побрзи од патниот сообраќај низ градот.

Оваа конкретна канална рута минува низ срцето на градот. Поради флуктуирачките клими и ниските мостови на некои места бродовите мора да намалат со брзината, така што патниците ќе мора да потклекнат за да ги собере и да поминат под мостот.

Камил автобусите во Куба

Познато е дека Куба има доста необични превозни средства кои се движат по патиштата, а евидентно е изобилството на класични амерички автомобили што се останати пред деновите на револуцијата.

Сепак за класичен транспорт за широки маси се користат камил – автобусите. Овој полу- камион до неодамна пренесувал патници во својата приколка. Овие преполни камиони сега се заменети со нови кинески автобуси.

Маглев воз во Шангај

Ова не е веќе познатиот воз кој ве носи до вашата дестинација на аеродром, туку воз кој достигнува брзина од 431 километар на час и вози на моќно магнетно поле.

Се движи по принцип на магнетна левитација и ќе Ви биде најбрзата релација што некогаш ќе ја доживеете. Брзината е прикажана на монитор во секој од вагоните  и веројатно тоа е најфотографираниот брзинометар во светот.

Ховеркрафт во Велика Британија

Ова се транспортни средства кои непречено се движат по вода лебдејќи на перница полна со воздух. Ховеркрафтот се движи доста брзо по водата. Во рамки на Велика Британија се користат за превоз од Портсмут до островот Вајт, кој воедно преставува најдолгата траса на која се движат овие катамарани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *