„ДРЗОК И ВИЗИОНЕРСКИ“: ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ БАРААТ „МАСИВЕН“ 2 ТРИЛИОНИ ЕВРА ВРЕДЕН ПАКЕТ ЗА ЗЕЛЕНО ОБНОВУВАЊЕ НА ЕУ

Европскиот парламент усвои резолуција со која се бара формирање Фонд за опоравување од коронавирусот на ЕУ, а воедно ги дава приоритетите на нето-нулта и Парискиот договор.

Европратениците ја повикаа Европската комисија следната недела да испорача „огромен“ 2 трилиони евра вреден фонд за опоравување од коронавирус кој ќе даде приоритет на предложениот програм  Green Deal за трансформација на Европа во првиот нето-нулта континент во светот до 2050 година.

Во резолуцијата што во петокот обезбеди силна поддршка од европратениците со 505 гласови „за“ и 119 „против“, Европскиот парламент бара ЕУ да го ревидира својот буџет за 2020 година.

Европратениџците побараа да се изврши ребаланс на буџетот за наредниот период во пресрет на Ковид-19 при што нагласија плановите за закрепнување на економијата мора да имаат силно социјално влијание со фокус на животната средина.

Парламентот инсистира на тоа дека претстојниот „комисиски фонд за трансформација и закрепнување“ мора да биде со големина од 2 трилиони евра, со инвестиции насочени кон проекти што се во согласност со европските амбиции за нулта и биолошката разновидност до 2050 година, како и со Парискиот договор и целите за одржлив развој на ООН (СДГ) .

Тврдејќи дека граѓаните на ЕУ „мора да бидат во срцето на стратегијата за опоравување“, резолуцијата исто така повикува, пакетот за опоравување да помогне во борбата против даночното затајување и избегнувањето на даноците и ја повикува Комисијата да обезбеди упатствата за државна помош да биде компатибилни со овие зелени и социјални услови.

Со резолуцијата се повикува на „масивен пакет за закрепнување кое ќе ги трансформира нашите економии и ќе ја зајакне нивната отпорност“, преку инвестиции кои поддржуваат малите и средни бизниси, односно ги зголемуваат работните места и вештини. Затоа „се повикува инвестициите да бидат приоритетни во Зелениот договор“ и дигиталната агенда.

Пратениците исто така инсистираа на тоа дека Комисијата треба да избегне прибегнување кон „финансиско волшебство“ за да не остави погрешен впечаток за големината на пакетот, тврдејќи дека сумата од 2 трил. евра треба да се финансира преку издавање долгорочни обврзници и да се „исплаќаат преку заеми и, главно, преку неповратни грантови и директни плаќања за инвестиции и капитал“.

Денешното гласање од европратениците е голема победа за поборниците за зелено закрепнување од економската криза што во моментот зафаќа голем дел од светот како резултат на тековната пандемија и бара поголем притисок врз Европската комисија да излезе со пакет за закрепнување во согласност со нејзината агенда за зелен план следната недела.

Во меѓувреме, во Велика Британија, премиерот Борис Џонсон во средата исто така посочи дека владините напори за закрепнување треба да дадат приоритет за ниските вложувања во инфраструктурата.

Маркус Трилинг, Координатор на политики, финансирање и субвенции, Мрежата за климатски активности (КАН) Европа – коалиција на стотици зелени групи и невладини организации од 38 земји изјави дека резолуцијата на Европарламентот денес „испраќа јасна порака до Комисијата“.

„Дури и во име на итност парите на даночните обврзници не смеат да бидат изгорени на застарени, загадувачки и јаглерод-интензивни проекти“, изјави г.Трилинг. „Фондовите на ЕУ вредат стотици милијарди и треба да се докажат за во иднина, односно да се инвестираат во обновлива енергија, енергетска ефикасност и модернизација на сите економски сектори за да се постигне климатската неутралност“.

Резолуцијата донесена денес одекнува со позитивни изјави од страна на инвеститори, бизниси, зелени групи и граѓани за зелено закрепнување, рече Лука Бонакори, Директор за одржливо финансирање во комисијата за транспорт и животната средина.

„Парламентот слушна гласно и јасно дека европејците сакаат зелено и правично закрепнување, а не безусловна помош на загадувачките индустрии“, рече тој. „Резолуцијата е смела по големина и визионерна по содржина и претпочита нова, посилна, позелена и покохезивна унија. Претседателот Урсула фон дер Лејен сега ја има поддршката што и е потребна за да се спротивстави на лобито на загадувачката индустрија и да го испорача најголемиот план за зелени инвестиции што светот некогаш го видел“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *