ПРОДОЛЖЕН ДОГОВОРОТ ЗА РАБОТЕЊЕ НА АПМ СИСТЕМОТ НА ФРАНКФУРТСКИОТ АЕРОДРОМ
Bombardier ќе продолжи да работи и да го одржува APM* системот (Automated People Mover) на аеродромот во Франкфурт, во согласност на десетгодишниот договор потпишан со Fraport AG, кој исто така вклучува модернизација на системот за сигнализација со т.н. решение CityFlo 650.
Вредноста на договорот изнесува 103 милиони евра, што вклучува и петгодишно одржување на веќе воспоставениот систем.
Овој договор со Fraport AG трае веќе 25 години и резултира со милионски транспорт на патници со скоро 100 % сигурност.
„Нашиот тим работи одлична работа и притоа обезбедува превоз на милиони патници кои безбедно и удобно патуваат и стигнуваат на своите терминали, при што ние работиме деноноќно овие услуги да ги обезбедиме. Со модернизација на целосно автоматизираниот систем за превоз на патници се продолжува животниот век на целиот објект како и неговото одржување и работење за најмалку 10 години.“ – изјави Мајкл Форер, одговорен во Bombardier, Германија.
Возниот парк на Fraport е сочинет од 18 Innovia возила и транспортира околу 35 илјади патници дневно, на железничка траса долга 3,8 километри меѓу терминалите за поаѓање. За време на пикот, возовите тргнуваат на секои 90 секунди, а секој вагон може да прими 60 патници заедно со нивниот багаж.
Од 1994 година, кога започнува со работа првиот систем за превоз на патници наречен Sky Line и ги поврзал Терминалите 1 и 2, па до денес, секоја година со овој превоз се транспортираат околу 12 милиони патници годишно. Системот за превоз го користи системот за сигнализација со т.н. решение CityFlo 650, кој ќе биде надополнет со нова верзија.
Во 2023 година, аеродромот во Франкфурт ќе го отвори Терминалот 3 и ќе имплементира нов начин на движење кој ќе им овозможи непречен превоз на патниците од овој терминал кон преостанатите два терминала. Ќе бидат потребни 8 минути за патниците да прејдат од возовите кои патуваат на регионално ниво и од возовите кои патуваат на долги релации до терминалот 3. Возовите ќе се движат со брзина од 80 километри на час на железничката пруга долга 5,6 километри помеѓу југ и север на самиот аеродром.
*APM– Automated People Mover е автоматизиран систем за превоз на патници (АПМ), односно еден вид на автоматизиран транзитен систем од помали размери. Терминот генерално се користи само за да се опишат системите што опслужуваат релативно мали области како што се аеродромите, центрите во некои поголеми градови или тематски паркови.