ЊУЈОРК ГИ ЛЕГАЛИЗИРА Е-ВЕЛОСИПЕДИТЕ И Е-ТРОТИНЕТИТЕ

По повеќегодишна правна збунетост и граѓански „сиви области“, пред една недела државата Њујорк ги легализира велосипедите, е-велосипедите и е-тротинетите. Претходно, некои сосптвеници на е-велосипеди беа соочени со парични казни од 500 долари и одземање од страна на њујоршката полиција.

Со новите регулативи ќе се легализираат велосипедите што се движат до 32 км/ч, е-велосипедите кои се движат до 40 км/час и е-тротинетите со брзина до 25 км/ч. Возачите на е-тротинети на возраст под 18 години (и над 16 години) ќе биде потребно да носат заштитен шлем.

Е-велосипедите и тротинетите биле скоро одобрени во текот на летото во 2019 година, откако бил одобрен предлог-закон, кој содржи соодветна одредба, но гувернерот Ендру Кумо (D-NY) ја отповикал одредбата бидејќи, наводно, бил загрижен за недостаток на законот за носење заштитни шлемови и друга поврзани безбедносни мерки.

Возачите за достава на храна и другите возачи на испорака, за кои се вели дека станале критични за време на ограничување на движењето поради КОВИД-19 во Њујорк, особено ќе имаат корист од новите дозволи за работа.

Тековните мерки за ограничување на движењето ја професионализираа употребата на е-велосипеди, така што нивните услуги би можеле да се оптимизираат, а со новиот закон ќе им се овозможи да продолжат да работат како вообичаено после укинување на мерките.

Во изјавата дадена за медиумската куќа „Електрек“, Помошник директорот на Lime (компанија која се бави со изнајмување и споделување на е-тротинети низ поголемите градови ширум светот) за односи со владата, Фил Џонс, коментираше:

„Денес е голем чекор напред во начинот на движењето во Њујорк. Е-велосипедите и е-тротинетите се вредни опции за транспорт што ќе им бидат од полза на заедниците низ целата држава. Особено во ова предизвикувачко време, микромобилноста е најдобро одговор и начин да им се помогне на Њујорчаните да стигнат таму каде што треба да одат. Им аплаудираме на работниците кои работат на достава, што после децениска борба, помогнаа во развојот на поодржливиот и практичен транспорт во Њујорк“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *