ВО ХОЛАНДИЈА ОД 1 МАРТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВОЗАЧИТЕ

Со Уредба на холандската влада од 1 март 2020 година, влегува во сила обврската да се пријавуваат возачите до Министерството за труд на Кралството Холандија.

Правната основа е т.н. WagwEU – закон за прекугранична работа во ЕУ, кој е во сила во Холандија од 2016 година. Како Германија, Франција, Австрија и другите земји од ЕУ, сега и Холандија ја применува и спроведува Директивата на ЕУ за упатување на работници во целост низ националната регулатива.

Олеснување во прекуграничниот превоз на патници и товар претставува можноста за годишна пријава на возачи кои се ангажирани на територија на Холандија. Возачите поред пријавувањето, должни се со себе да носат образец А1 (возачи на компании со седиште во ЕУ) или потврда за социјално осигурување (возачи од трети земји), копија од договорот или извод од договорот за вработување, како и пресметка на плата.

Казната за непријавен возач пред почетокот на ангажирањето може да биде до 12 000 евра за секој прекршок.

Работодавците исто така се должни на територијата на Холандија да назначат претставник за контакт со надлежните органи за надзор на примената на социјалните прописи.

Извор: www.expo.rs

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *