UNITED AIRLINES ЌЕ НАМАЛИ ПОВЕЌЕ ОД 16.000 РАБОТНИ МЕСТА ПОРАДИ СЛАБАТА ПОБАРУВАЧКА НА АВИОНСКИ ПАТУВАЊА

United Airlines Holdings Inc. ќе скрати 16 320 работни места следниот месец, бидејќи превозникот го намалува обемот на патувања кои ќе ги нуди поради наглото опаѓање на побарувачката на авионски патувања во услови на пандемија од КОВИД 19.

Објавените активности од 2 септември ќе стапат на сила на 1. октомври, со истекот на ограничувањето за скратување на работните места, наметнато од страна на државата како услов за субвенција на државна помош во согласност со Законот за грижа на САД (U.S. Cares Act). Заклучно со денешниот ден околу 7 400 вработени одбрале самостојно да го напуштат своето работно место, додека пак 20 000 од вработените се на привремен одмор од работата.

Намалувањата на бројот на вработените во рамки на United Airlines Holdings Inc. Е во согласност со предвидените намалувања на број на работни места во рамки American Airlines Group Inc. Двата превозника изјавија дека единственото нешто што би ја спречило редукцијата на работните места е продолжување на државната финансиска помош за оваа индустрија.

Минатиот месец, United Airlines Holdings Inc. изјавија дека 36 000 работни места (од вкупно 92 000) се загрозени откако заврши програмата за подрршка на платите во САД. Тој број е намален за повеќето работни групи преку доброволни програми, изјави Кејт Гебо, извршен претседател за човечки ресурси во United Airlines Holdings Inc.

Работниците кои се привремено вратени дома, може да се вратат на своите работни места кога би се зголемила побарувачката на патувања, соопштија од компанијата. Исто така, компанијата изјави дека не очекува значајно подобрување на побарувачката се додека не се развие вакцина за корона вирусот и истата не биде нашироко дистрибуирана и администрирана.

Намалувањата на работните места во United Airlines Holdings Inc., вклучува: 6 920 стјуардеси,  1 400 вработени во управувањето и 2 850 пилоти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *