RHENUS HOME DELIVERY ТЕСТИРА НОВО ВОЗИЛО ЗА ИСПОРАКА – 1.500 КИЛОГРАМИ СО БЕ ВОЗАЧКА КАТЕГОРИЈА
Rhenus започна со тестирање на иновативно возило за испорака – Dock’n’Deliver. Станува збор за комбе кое се состои од трактор и одвоива приколка и како што наведуваат од Ренус, нуди многу предности.
Според сегашните упатства за возачки дозволи, бидејќи заменливото тело е класифицирано како приколка, возачката дозвола за БЕ категоријата е доволна за ова возило. За разлика од комбето Спринтер, кое може да носи просечно 1.000 килограми, новото возило може да носи до 1.500 килограми.
Се надеваме дека со користење на Dock’n’Deliver ќе можеме полесно да најдеме квалификувани вработени, бидејќи недостатокот на возачи е еден од главните проблеми денес, вели Рони Сасен, извршен директор на Rhenus Home Delivery.
„Концептот за заменливо тело исто така ни нуди нови можности за оптимизирање на испораките во поголемите градови, како од економски така и од еколошки аспект“, вели Сасен.
Бидејќи тракторот и заменливото тело можат да бидат цврсто прицврстени, возачите не мора да се навикнуваат на какви било невообичаени маневри – освен што кругот на вртење е малку поголем поради трите оски. ЦНГ погонскиот систем овозможува еколошки и одржлив начин на транспорт, наведуваат од Ренус.
Ако пилот-проектот е успешен, следниот чекор ќе биде да се користат неколку такви „приколки“. На овој начин, компанијата практично би добила надворешен простор за складирање на стоки – приколките би биле подготвени однапред според планот за испорака и разведување, а времето на товарење, како и утринските гужви на рампите, може да се сведат на минимум.
Логистичката групација „Ренус“ е присутна на 750 локации ширум светот (вклучувајќи ја и Србија) и вработува 33.000 лица, со годишен обрт од 5,5 милијарди евра.