ЏЕФ „АМАЗОН“ БЕЗОС ИНВЕСТИРА 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО БРИТАНСКА ДИГИТАЛНА ШПЕДИЦИЈА
Лондонската Beacon, компанија за дигитална отпрема и финансирање на ланецот на снабдување, собра над 15 милиони американски долари во својата рунда за прибирање финансиски средства во Серија А, вклучувајќи го Џеф Безос, основач и извршен директор на „Амазон“, како и водечката американска фирма за вложување ризичен капитал 8VC.
Индустријата за организација на превозот, како и логистиката заедно со ланецот за снабдување вредат помеѓу 1 трилион и 12 трилиони долари годишно, соодветно, со поранешниот сè уште високо фрагментиран пазар на кој првите десет шпедиции на глобално ниво контролираат околу 43%.
Многу од клиентите се бавни со дигитализација, а имајќи во предвид дека помалку од 30% од испраќачите се задоволни од услугата што ја добиваат, индустријата е зрела за менување.
Beacon веќе има воспоставена база на клиенти и рапидно расте, со мисија да стане глобален лидер во логистиката и финансирање на ланецот на снабдување со тоа што трговијата ќе биде поедноставна, потранспарентна и посигурна за деловните активности.
Тој нуди целосен опсег на услуги до сите што можат да пристапат и да управуваат на единствената платформа, вклучувајќи ги и глобалните прекуокеански линии, воздушни и камионски, заедно со ланецот на снабдување.
Компанијата користи АИ, пребарување, оптимизација, база за податоци, облаци и технологија за автоматизација за реализација на значајните оперативни дејствија.
Платформата комбинира преглед во реално време на глобално ниво, а во врска со испораката има преглед на глобалните трошоци за превозот и цените на отпрема.
Воедено ги оптимизира рутите за испорака и процесите за намалување на трошоците, зголемување на брзината и предвидливоста.
Фондот за финансирање на ланецот на снабдување на Beacon се издвојува од традиционалните шпедитери преку помагање за решавање на еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат увозниците денес – протокот на пари.
Добавувачите често бараат исплата пред да се испорачаат стоки и со повеќемесечно време на испорака, на увозниците им е потребно флексибилно финансирање за да ги задоволат потребите за обртни средства.
За решавање на ова, Beacon нуди на квалификуваните клиенти финансирање во рок од 72 часа, што исто така им дава право на попуст при испорака.
Учесници во почетната работа на Beacon беа основачите на Uber, Травис Каланик и Гарет Камп, поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит, како и инвестициските фирми како Neo, Red Sea Ventures, Mantaray и FJ Labs. Собраните пари во оваа рунда од серијалот ќе бидат инвестирани во нови вработувања, технологии и проширување на пазарот.