ЦИСАЛПИНО ПЕНДОЛИНО ЌЕ СООБРАЌА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ЛИНИЈА АТИНА – СОЛУН
По купувањето на грчкиот национален железнички оператор „TRAINOSE“, италијанскиот државен железнички оператор FS одлучи да ги распореди своите Пендолино нагибни возови ETR470 кои сообраќаат со брзина до 200 km/h на релација меѓу градовите Атина и Солун за да го намали времето на патување меѓу овие градови.
Оваа одлука следи по минатогодишните извршени пробни возења со еден од возовите на Trenitalia, мулти-ситемскиот ETR485.
Првата од петте гарнитури ЕТР470 – Пендолино, претходно користени на меѓународните линии меѓу Италија и Швајцарија, е доставен до работилницатана Трениталија во Виченца, поради подготовка за користење во Грција.
Во периодот од 1993-1997 година, Fiat Ferroviaria изгради девет гарнитури со по девет вагони ETR470 за работа на електрична енергија од 3 kV и електрична енергија 15 kV 16,7 Hz. По распадот на заедничкото претпријатие Цисалпино (Cisalpino), четири гарнитури се преземени од Швајцарската федерална железница, од кои три се повлечени од употреба.
Останатите пет гарнитури беа накратко употребувани од Трениталија за услугите Frecciabianca на италијанската домашна мрежа, каде што беа ограничени да сообраќаат само на 3 kV DC електрифицирани делници.
За да можат да работат во Грција, постојната опрема за електричен напон од 3 kV DC треба да се замени со нова опрема за 25 kV 50 Hz. Исто така, возовите ќе бидат опремени со безбедносна опрема за ETCS Ниво 1 која се користи на делницата Солун-Атина.
По завршувањето на надградбата и електрификацијата на делницата Атина-Солун во должина од 502 километри, најбрзото патување меѓу двата града се намали од 5 на околу 4 часа. Групацијата ФС се надева дека со воведувањето на нагибните возови ќе овозможи патувањето да се реализира за 3 часа и 20 минути.