ФРАНЦИЈА ВОВЕДЕ ПОСТРОГИ КАЗНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТЕЛЕФОН ЗАД ВОЛАНОТ

Возачите во Франција кои користат мобилни телефони додека возат сега ризикуваат да ја загубат дозволата и до 6 месеци, бидејќи стапи во сила новиот пропис со која се уредува казнената политика.

Новите правила се применуваат за оние кои ќе бидат „фатени“ со телефон во правење сообраќајни прекршувања, како што се не одржување на предвиденото растојание, престигнување на полна линија или непрописно престигнување, надминување на дозволената брзина, поминување на пешаци на премини или кршење на основните сообраќајни правила (возење од десната страна, употреба на жмигавци, итн.) На возачите ќе им биде одземена дозволата на 6 месеци, ќе бидат казнети со 135 евра и 3 казнени поени.

Во најтешките случаи, кои покрај споменатите прекршувања и употреба на мобилни телефони, ќе вклучуваат и употреба на алкохол или дрога, возачите ќе останат без дозвола до една година.

Овие одредби од Уредбата 2020-605 од 18. мај влегоа во сила во петокот, 22 мај.

Со новите прописи се очекува подобрување на безбедноста во сообраќајот. Според француската агенција за безбедност во сообраќајот, возачите кои користат мобилни телефони додека возат се одговорни за околу 10% од несреќите со повреди. Користењето на телефонот додека возите ја зголемува веројатноста за несреќа за 3 пати, пишува trans.info.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *