УКИНАТИ СЕ ЗАБРАНИТЕ ЗА ДВИЖЕЊЕ ЗА КАМИОНИ ВО НЕКОИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ

Повеќето европски земји во текот на месец март оваа година, а со цел да се обезбедат услови за континуирана достава на стоки за време на пандемијата на корона вирусот ги укинаа забраните за движење за тешки товарни возила.

Оценувајќи дека оваа мерка повеќе не е оправдана, општата забрана за движење на камиони во повеќето земји се врати во сила повторно, односно во некои земји тоа ќе се случи во наредните денови.

Унгарија, оценувајќи дека оваа мерка веќе не е оправдана, општата забрана за движење на камиони ќе биде на сила повторно од 27 јуни. Ова значи дека овој викенд е последен без забрана за сообраќај за камиони.

Од следниот викенд, односно последниот викенд во јуни, забраната за движење започнува од 22:00 часот во сабота, 27 јуни до 22:00 часот во недела, 28 јуни.

Од 1 јули до 31 август, важат другите правила: сообраќајните забрани се од сабота од 15:00 до недела во 22:00 часот и од 22:00 часот во пресрет на државен празник до 22:00 часот на празничен ден.

Австрија,  забраните за движење за тешки товарни возила се во сила повторно од 18 мај. и тоа во сабота од 15:00 до 24:00 часот и во недела и државни празници од 00:00 до 22:00 часот.

Чешка, Ве потсетуваме дека од 18 мај забраните во оваа земја се однесуваат на камиони и комплети возила со максимална дозволена тежина од над 7,5 т и камиони и специјални возила со приколки, доколку максималната дозволена тежина на моторно возило е над 3,5 т, на автопатите и патишта од прва класа во недела и државни празници од 13:00 до 22:00 часот.

Словенија, од 1 јуни 2020 година, забраната за движење повторно е во сила и се однесува на камиони и групи на возила со максимална дозволена тежина поголема од 7.500 кг, во недела и државни празници од 8,00 до 21,00 часот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *