ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОТ НА ПРВИОТ МЕГА-КАМИОН ЛАДИЛНИК ВО ШПАНИЈА

Дисфримур – Disfrimur, кој го опслужува еден од најголемиот ланец на супермаркети во Шпанија, Меркадона, ќе го тестира најголемиот шпански мега-камион ладилник како дел од пилот-проектот. На овој начин, превозникот сака да ја оптимизира дистрибуцијата и да ги намали штетните емисии на гас.

Дисфримур соработува на проектот со Универзитетот од Сарагоса, Генералниот директорат за патен сообраќај (ДГТ) и производителите MAN и SOR Ibérica.

Како дел од тестовите, Дисфримур ќе ќе го стави во експлоатација најголемиот камион-ладилник во Шпанија со максимална дозволена тежина од 70 тони. Товарното возило е долго 32 метри и може да се натоварат 66 евро палети. Комбинацијата се состои од трактор (влекач) 4 × 2 MAN TGX со мотор кој достигнува 640 КС и две триосни полуприколки ладилници од SOR Ibérica.

Шпанскиот оператор се надева дека мега-камионот ладилник ќе ја оптимизира дистрибуцијата, ќе ја зголеми ефикасноста и ќе ги намали емисиите.

Придобивките од користењето долги камиони беа сумирани минатата година од страна на организацијата на производителите ACEA.

Според здружението, мега-камионите можат да ги ублажат проблемите со недостигот на персоналот во транспортната индустрија, да ја зголемат конкурентноста на компаниите со намалување на трошоците за транспорт и значително да ги намалат емисиите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *