ОТПОРНОСТА НА БРОДСКИОТ ПРЕВОЗ НА КРИЗАТА

Францускиот бродски превозник ЦМА ЦГМ (CMA CGM) објави стабилни финансиски резултати за првиот квартал на 2020 година, а претседателот и извршен директор на групата, Родолфе Саад, објави дека и покрај неизвесноста на глобалната економија, се очекува подобрување во текот на вториот квартал.

Во текот на првиот квартал, CMA CGM забележа само ограничен пад на волуменот од 4,6%, со што демонстрираше отпорност на бродската превозна индустрија. Групата беше во можност брзо да го прилагоди капацитетот на тековната состојба, заштитувајќи ги ланците на снабдување на своите клиенти, се вели во соопштението.

За првите три месеци од 2020 година, во услови на забавување на светската трговија и пад на транспортираните количини на стоки, приходите на CMA CGM Group изнесуваа 7,19 милијарди долари, што е нешто помалку во однос на истиот период минатата година. Ова ограничено намалување беше постигнато благодарение на различните сектори во индустријата во кои работат клиентите на Групацијата, балансираното глобално присуство и комплементарната природа на пратките и логистичките активности на Групацијата.

Оперативните перформанси на групацијата значително се подобрени. Прилагодената EBITDA за групацијата се зголеми за 25% – на 973 милиони долари, што е еднакво на маргина од 13,5% – за 3 процентни поени повеќе отколку во првиот квартал од 2019 година.

Нето-резултатот од учеството на групацијата беше позитивен – 48 милиони долари (поголем за 91 милиони долари во однос на првиот квартал од 2019 година, кога е забележан минус од 43 милиони, а 170 милиони долари повисок отколку во четвртиот квартал од 2019 година). Резултатот вклучува профит од 185 милиони долари, што беше реализирано со продажба на терминалот.

Маргина

Приходите од транспортот се намалија за 3,3% во однос на првиот квартал од 2019 година – на 5,52 милијарди долари. Како резултат на влијанието на Ковид-19, поточно заради затворањето на фабриките, особено во Азија во текот на февруари и март, количината на стока што ја транспортира ЦМА ЦГМ се намали за 4,6% во однос на првиот квартал од 2019 година. Сепак, приходите по транспортиран контејнер малку се подобрија. главно заради примена на дополнителни трошоци за гориво.

Прилагодената EBITDA (со исклучок на профитот од продажба) нагло се зголеми за 31,6% во однос на првиот квартал од 2019 година и достигна 836 милиони долари. Прилагодената маргина на EBITDA се зголеми за 4 процентни поени на 15,1%. Перформансите го одразуваат целосното влијание на планот за намалување на трошоците спроведен во текот на 2019 година, кој сè уште се спроведува. Реактивноста и флексибилноста на групацијата овозможи брзо да ја прилагоди флотата што функционира за време на епидемијата Ковид-19.

CEVA Logistics

Започна нова фаза на планот CEVA Logistics, чија цел е повторно да ја направи оваа компанија профитабилна. Спроведувањето на планот вклучува неколку процедури. вклучително и заживување на развојот на бизнисот, намалување на трошоците и модернизирање на индустриските средства и системи.

Кризата предизвикана од корона вирусот ја потврди важноста на стратегијата, која се состои од обезбедување комплементарни поморски услуги и логистички услуги, односно трговска понуда на ЦЕВА Логистикс, особено во поглед на воздушниот сообраќај и складишните услуги, се додава во соопштението.

Приходите на CEVA Logistics се зголемија за 0,6% на 1,71 милијарди американски долари, пред се поради консолидацијата на логистичките активности на CMA CGM во мај 2019 година. Влијанието на здравствената криза беше делумно компензирано со зголемувањето на бројот на чартер авионските летови, што обезбеди континуитет во ланецот на снабдување за индустриските потрошувачи на групацијата, како и во снабдувањето со медицински производи.

Прилагодената EBITDA се намали за 4,9% на 137 милиони долари, што претставува прилагодена маргина на EBITDA од 8%.

CMA CGM Групацијата успеа да се прилагоди на состојбата со глобалната пандемија со тоа што им овозможи на вработените да ги продолжат своите активности во безбедни услови, со сите мерки на претпазливост.

Со целосен фокус на услугите, групацијата исто така разви голем број на комерцијални и дигитални решенија за прилагодување и заштита на ланците на снабдување на клиентите. Компанијата има намера да го задржи овој тренд на иновации во иднина, преку развој на теле-работа и забрзување на процесот на дигитализација во индустријата, се додава во соопштението.

Извор: www.cmacgm-group.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *