ДАЛИ КОНТЕЈНЕРСКИТЕ ПРЕКУОКЕАНСКИ ПРЕВОЗНИЦИ МАНИПУЛИРААТ СО ПАЗАРОТ
Ова го објави сајтот theloadstar.com. Во тужбата со вредност од 600.000 американски долари поднесена до Федералната поморска комисија (ФМЦ) минатата недела, MCS Industries, семејна сопственост за опремување на домови, тврди дека контејнерските превозници MSC и CОSCO не ги исполниле своите договорни обврски, прекршувајќи го Законот за пловидба од 1984 година.
МЦС Индистри тврди дека бродовите на линиските превезувачи: „неосновано и неразумно ги експлоатираат клиентите, што значително ја зголемува нивната профитабилност на сметка на испраќачите и пошироката јавност и предизвикува зголемени трошоци за превоз во форма на инфлација“.
МЦС тврди дека со почетокот на пандемијата „Ковид-19“, бродските линии почнаа да се договараат за манипулација со пазарот. МЦС Индустри пред комисијата ФМЦ, изјави дека глобалните прекуокеански превозници почнаа да преземаат паралелни и впечатливо слични акции за да подпомогнат во креирањето на цената на бродскиот прекуокеански транспорт и со тоа да ја подобрат сопствената профитабилност на сметка на налогодавачите и јавноста.
Овие дејства, додаде тој, вклучуваат блокирање на пловидбите, што доведе до намалување на капацитетот преку создавање на „вештачки недостаток и зголемување на пазарните цени на спот пазарот“ со зголемувањето на побарувачката.
Покрај тоа, МЦС тврди дека дури и кога побарувачката се вратила на претходното ниво, превозниците не се вратиле на методите на работа пред пандемијата. Наместо тоа, тие ја удвоија манипулацијата на пазарот со вештачко одржување на високите цени.
Товарен контејнер испратен од Кина до западниот брег на Соединетите држави во 2019 година би чинел 2.700 долари, но денес цената за истата рута и товар е над 15.000 долари.
Превозниците успеаја да ги напуштат веќе склучените договори, тврди шпедитерот, бидејќи линиите се организирани во сојузи што контролираат 90% од трговијата со контејнери. Овие структури им овозможија на превозниците да дејствуваат едногласно, принудувајќи ги испраќачите да користат поскапи спот тарифи, наместо да ги транспортираат своите стоки по многу пониски договорни цени.