КОНТЕЈНЕРСКИОТ ПРЕВОЗ НА НОВИОТ ПАТ НА СВИЛАТА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ

Обемот на превоз на Новиот пат на свилата продолжува да бележи значителен раст. Вкупниот превоз на компанијата UTLC ERA во првите 5 месеци од оваа година надмина 274.000 TEU, што е за дури 60% повеќе отколку во споредливиот период од претходната година. Само во мај 2021 година, обемот реализиран од UTLC-ERA достигна рекордни 61,400 TEU, што е највисок резултат од основањето на компанијата.

Растот на релација Кина-Европа, исто така, укажа на потреба за нови инвестиции во инфраструктурата. Една од значајните инвестиции е новиот терминал Достик ТрансТерминал на кинеско-казахстанската граница, кој работи од почетокот на јуни. Тоа е втор терминал во близина на градот Достика (Дружба), а UTLC ERA ги организираше првите испораки преку оваа локација во јули – беа отпремени 30 контејнерски возови во правец на Европа, пишува railfreight.com.

Достик ТрансТерминал е наменет за претовар на товар и контејнери од нормален на широк колосек, по што товарот се консолидира за понатамошен транспорт. Покрај тоа, терминалот, исто така, обезбедува опции за складирање. Терминалот е изграден од Достик ТранСтерминал ЛЛП, а со него управува од ПТЦ Карго ЛЛП.

Предвидениот капацитет е 700 000 TEU, што ќе биде значителна поддршка за железничкиот транспорт на Новиот пат на свилата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *