ИЗВЕСТУВАЊА ВО ВРСКА СО ОГРАНИЧУВАЊАТА ВО СООБРАЌАЈОТ НИЗ ЕВРОПА ПОРАДИ КОВИД-19, ДЕН 18.3.2020 08:00

Состојбите на копнените гранични премини низ Европа постојано се менуват што го оневозможува патувањето до/од нашата земја со сите превозни средства. Во продолжение следат информации во врска со со ограничувањата во сообраќајот низ Европа добиени во текот на денешниот ден:

Европската Унија ги затвори своите граници за влез на патници, освен за своите жители и странците со привремен престој.

Албанија

Воведна е забрана за влез/излез на патници од Р. Албанија. Нема дополнителни ограничувања во превозот на стоки. Зголемена контрола на хигиената; Единствен отворен граничен премин со РС Македонија е Ќафасан.

За меѓународен транспорт на стоки, со оглед на спречувањето на ширење COVID-19, се бара од сите компании кои се вклучени во меѓународен превоз на стоки, започнувајки од 14 март 2020 година, се бара од сите возачи ја пополнуваат следната изјава.

Извор: ANALTIR

Австрија

Зголемена контрола. Воведена е целосна забрана за влез и излез на патници кон  и од Италија. Иако официјално не е затворен граничниот премин кон Унгарија, има информации дека патниците се враќани назад.

Во моментов нема ограничувања за тешки товарни возила што минуваат низ Австрија. Сите возачи ќе бидат проверени на лице место за нивниот здравствен статус од COVID-19 и потоа ќе им биде дозволено да ја преминат Австрија.

Забраните за движење на тешки товарни возила, над 7.5 тона, на одредени релации кои важеа преку викендите се укинати до 3.4.2020 г.  Според ИРУ, оваа мерка е дискутирана и координирана со Италија и Баварија, со цел во најголема можна меркада се избегне времето на чекање на границите.

Покрај тоа, за истите возила владата објави привремена толеранција во врска со примената на времето за возење и одмор на возачите со цел да се забрза транспортот. Овој исклучок важи од 16 3. – 14.4. 2020 година.

Извор: AISÖ

Предлози за алтернативни повратни правци кон РС Македонија: Анкона/Бари Ферибот – Игуменица – МКД

Железница – Од 16.3.2020 целосно се прекинува меѓународниот патнички сообраќај. Внатрешниот патнички сообраќај е редуциран и може да се прати на веб страната на Австриски железници.

Бугарија

Прогласена вонредна состојба. Сите гранични премини се затворени за патници Може да се воведат дополнителни ограничувања за превозот на стоки. Зголемена контрола на хигиената.

Белгија

Не се наметнуваат дополнителни ограничувања за превозот на стоки. Зголемена контрола на хигиената;

Министерот за транспорт воведе привремена и целосна толеранција во врска со спроведувањето на времето на возење и одмор на возачите вклучени во транспортот на храна, лекови и други основни производи за животни до продавници и аптеки. Мерката важи до 18.3.2020.

Извор: FEBETRA

Обединетото Кралство

Нема ограничувања за превоз на патници и стоки.

Германија

Од 16.03.2020 година, Германија ги затвори граничните премини за патници со Австрија, Швајцарија, Луксембург, Данска и Франција.

Прекуграничниот товарен превоз и преминувањето на граничните жители и странци кои работат во СР Германија сè уште ќе се одвива. Сепак, на патниците ќе им биде забрането влегување/заминување преку горенаведените граници во отсуство на валидна причина за нивното патување. Ова ќе важи и за лица со клинички симптоми. Од странците кои работат во СР Германија се бара да носат релевантен доказ што ја покажува потребата од нивно преминување. Контролите ќе ги спроведуваат Федералните полициски сили.

Федералната полиција ги заострила контролите на француската граница во Сарланд, Рајнланд-Палатинат и Баден-Виртемберг. За време на контролата, луѓето што патуваат од Франција се прашуваат за нивното здравје, а официјалните лица исто така ја мерат телесната температура. Исто така, поставен контролен пункт на А8 кај Перл, каде се проверуваат возачите од Луксембург.

5 германски држави – Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Долна Саксонија, Саксонија и Шлезвиг-Холштајн – решија да ја олабават викенд забраната за сообраќај со камиони. Сепак, тоа се однесува само на производи за хигиена и расиплива храна.

Во однос на преземените мерки за да се спречи ширењето на COVID-19 и да се спречат потешкотии во снабдувањето со храна, сите германски сојузни држави во недела привремено ја укинуваат забраната за тешки товарни возила на автопатите на земјата. Според информациите од Федералниот сојуз за транспорт и логистика, повеќето провинции ќе ја укинат оваа забрана до 31.5.2020, со следниве исклучоци:
Баварија – откажувањето е засега до 29.3.2020 и важи за сите видови на товар
Баден-Виртемберг, Саксонија и Саксонија-Анхалт – до 05.04.2020 и се однесува само на трајна сува храна.
Само за Хамбург, за возење во недела потребна е дозвола, којашто ја издаваат соодветните служби во скратена постапка и може да се добие во рок од 24 часа.

Извор: BGL

Железница – Од 16.3.2020 во целост се прекинува меѓународниот патнички сообраќај. Од среда ќе биде редуциран внатрешниот железнички патнички сообраќај. Товарниот сообраќај се одвива несметано.

Грција

Копнениот и воздушниот патнички превоз кон/од РС Македонија и Албанија целосно се укинува, освен за граѓаните на Грција и лицата со привремен престој. Исто така се укинуваат сите летови кон/од Шпанија, како и морскиот превоз на патници со Италија.

Во товарниот превоз  нема ограничувања, ферибродските врски засега функционираат, но можно е да има задоцнување или откажување на одредени линии.

  • Од 16.03.2020 година граничните премини кон/од Р. Грција во временскиот период 22.00 – 06,00 часот ќе бидат затворени за секаков вид товарен превоз.

Железница– редуциран е внатрешниот патнички сообраќај.

Данска

Данската влада во петокот 13.3.2020 ги затвори данските граници за влез, освен за странците со привремен престој. Новата мерка ќе се спроведува од 14.3 – 13.4.2020 г.

Товарниот превоз е дозволен преку следните гранични премини: Frøslev и Sæd. ГП Kruså за возила до 3.5 тони. Се препорачува на камионите да го користат граничниот премин Frøslev (Е45). Исто така, товарниот превоз може да се одвива преку “blue border” (Øresundbridge и ферибродови).

Поради кризата предизвикана од коронавирусот, данската влада донесе одлука привремено, односно на 10 дена да ги прекине правилата за часовите на управување на возачите и работното време во патниот превоз. До 23 март, возачите кои се локални дистрибутери нема да мора да ги почитуваат регулативите за 24 и 45 часовен одмор.

Италија

Нема ограничувања во транспортот. Зголемена контрола на хигиената; Превозниците треба да пополнат изјава за здравствена состојба пред да заминат од земјата.

Поради вонредните околности настанати како резултат на избувнувањето на КОВИД-19, италијанските власти бараат од сите патници кои патуваат кон / од италијанските пристаништа да ги пополнат и потпишат следниве обрасци на изјава:

Анкона и Бари

Венеција

Граничен премин кон Австрија

Љубезно се бара да се известат возачите / совозачите на камиони да ја пополнуваат (во два примерока) изјавата, приоритетно, со цел да се избегнат значителни задржувања на полициските контроли на пристаништата и границите.

Другите земји наметнуваат ограничувања на возачите кои доаѓаат од оваа област со висок ризик.

Неофицијално !!! За превози од  Италија –забранет транзит низ Словенија и Хрватска.

Железница – Меѓународниот патнички превоз е целосно затворен кон Словенија, Австрија и Франција. Патничкиот сообраќај кон Швајцарија е редуциран. Внатрешниот патнички сообраќај е редуциран. за повеќе информации на сајтот на ТРЕНИТАЛИЈА.

Исланд

Нема ограничувања во транспортот.

Косово

Привремено е суспендиран целокупниот меѓународен патнички сообраќај, патен, железнички и воздушниот со Италија, Герамнија, Франција и Швајцарија.

Товарниот патен превоз ќе се одвива.

Железница- До 27.3.2020 единствената железничка линја Скопје – Приштина – Скопје ќе биде суспендирана.

Полска

Владата објави дека контролата на границата е привремено вратена од 15 март (00:00 часот) за 10 дена со можност да се продолжи овој период.

Во овој период:

  • На странците не им е дозволен да влез во Полска. Привремено е запрен целиот меѓународен воздушен и железнички сообраќај
  • Полските државјани и странците кои работат во Полска, кои се враќаат од странство, мора да поминат двонеделен карантин,
  • Меѓународниот патен товарен транспорт не е вклучен во овие ограничувања. Границите остануваат отворени за протокот на стоки и возачите на камиони кои работат на меѓународен патен сообраќај нема да мора да го почитуваат двонеделниот карантински период.

Полската администрација го објави списокот на граничните премини отворени за време на вонредната состојба, бидејќи некои граници ќе останат затворени.

Голема колона на возила е формирана  на границата со Украина !!! Украина воведе привремени ограничувања на граничниот премин. Официјален владин документ се очекува да влијае на затворањето на границите, 14-дневен карантински период за сите кои доаѓаат од дестинациите за ризик и многу повеќе.

Од 16.3.2020 роковите за карантин може да бидат намалени од страна на санитарните инспектори на граница.

РС Македонија

Се затвораат сите гранични премини во РС Македонија за премин на странски државјани – патници и возила, освен за влез и транзит на товарни возила, како и за други лица, за кои Министерството за внатрешни работи ќе даде дозвола по претходно мислење од Главниот координативен кризен штаб.

Овие товарни возила и лица ќе влегуваат според посебни услови за заштита согласно протоколот на Министерството за здравство.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, за професионалните возачи на товарните возила кои влегуваат во Република Северна Македонија издава посебна дозвола со која се обезбедува посебен здравствен и протоколарен режим на влез во државата на овие лица. Претходно дадената лична изјава се смета за неважечка.

Дозволата за влез на територијата на РСМ се издава на професионални возачи на товарни возила  кои влегуваат на територијата на државата и кои се придржувале кон посебен здравствен и протоколарен режим на влез во државата. Дозволата ја издава Државниот и санитарен инспекторат при Министерството за здравство. Дозволите ќе се издаваат преку Асоцијацијата на превозници „Макам Транс“- Скопје.

Воведени се препораки на Министерството за здравство за превозниците кои патуваат во средно и високо ризичните земји.

Привремено се затворени аеродромите во Скопје и „Св. Апостол Павле “во Охрид освен за државни, воени, хуманитарни, болнички, карго и летови без патници за позиционирање на воздухоплови.

Португалија

Министерскиот совет на 16 март одобри серија мерки за одговор на епидемиолошката состојба на Коронавирус (СОВИД-19). Од 16 март 23:00 часот до 15 април 12:00 часот, Португалија повторно ги воведува граничните контроли. Мерката ќе се преиспитуваат на секои 10 дена.

Патниот сообраќај на внатрешните копнени граници е запрен.

Меѓународниот товарен транспорт, прекуграничните патници и возилата за итни случаи се ослободени од ова ограничување.

Сепак, ќе останат отворени само главните гранични премини со Шпанија: Квинтанила, Туи, Вилар Формозо, Елвас, Кастро Марим, Вила Верде де Раја (Чавес), Монфорнињо (Кастело Бранко), Марвјо (Порталегре) и Вила Верде де Фијалио (Беја) – Quintanilha, Tui, Vilar Formoso, Elvas, Castro Marim, Vila Verde de Raia (Chaves), Monfortinho (Castelo Branco), Marvão (Portalegre) and Vila Verde de Ficalho (Beja).

Романија

Романија прогласи вонредна состојба во период од 30 дена. Романија се приклучува на одлуката на Европската комисија за привремено ограничување на несуштинското патување во Европската унија.

Нема дополнителни барања за товарните превозници; За сите пратки што пристигнуваат од Северна Италија не е дозволен влез на територијата на земјата. Оваа одредба важи до 31 март 2020 година.

На сила од 17.03.2020 година,

  • Отстапувањето од чл. 6 (1) од Регулативата 561/2006: промена на максималниот дневен период на возење од 9 часа на 11 часа;
  • Отстапување од член 6 (2) од Регулатива 561/2006 : промена на максималното време на управување неделно од 56 часа на 60 часа;
  • Отстапување од член 6 (3) од Регулатива 561/2006 : промена на двонеделното ограничување на возењето од 90 часа на 96 часа.
  • Отстапување од член 7 од Регулатива 561/2006. : промена на минималните дневни периоди за паузи од 45 минути, кои се задолжителни на секои 4 часа и 30 минути, да се прават на секои 5 часа и 30 минути.
  • Отстапување од член 8 (1) од Регулатива 561/2006: Намалување на задолжителниот период за дневен одмор од 11 на 9 часа.
  • Отстапување од член 8 (6) од Регулатива 561/2006. : Обврска за користење неделен одмор – од пет 24-часовни периоди – до шест 24-часовни периоди.

Словенија

Граничните премини од/кон Италија се затворени за целиот патнички превоз.

Товарниот транспорт од Италија се одвива отежнато и се пропушта во конвои. Во таа цел се пеземаат следните мерки  од страна на словенечката влада за регулирање на транспортот коридор низ територијата на Словенија:

  • ќе продолжи сообраќајот на тешки товарни возила низ територијата на Словенија од двете точки на словенечко-италијанската граница Fernetti (I-SLO) – Fernetići (SLO-I);
  • за таа цел ќе бидат формирани конвои од националности на возила, кои ќе бидат придружени до границата со Хрватска, Obrežje (SLO-HR)- Bregana (HR-SLO);
  • конвоите ќе бидат формирани по уверување од хрватските и српските власти дека ќе бидат прифатени на нивната територија.

Ова е направено за да се спречи акумулацијата на камиони на територијата на Словенија.

Во моментот се создава колона од автомобили кои чекаат на граничниот премин со Хрватска.

Можно е да има задоцнувања или откажувања на фериботските врски, вклучително и прекинување на услугата. Ситуацијата е динамична и се следи.

Железница – Од 16.3.2020 целосно е во прекин меѓународниот и внатрешен патнички сообраќај.

Словачка

Целосно е во прекин меѓународниот копнен и воздушен патнички сообраќај.

Товарниот превоз ќе биде дозволен на национални и меѓународни патишта. Возачите мора да бидат опремени со заштитна опрема и ќе можат да патуваат само оние возачи со дозвола за привремен/постојан престој.  Воведени се гранични премини.

Србија

Српската влада прогласи вонредна состојба на нејзината територија и воведе ограничување за влез во Србија за граѓаните кои доаѓаат од Франција, Германија, Словенија, Австрија, Шпанија, Грција и Швајцарија. Исто така истите не се пропуштаат ниту во транзит. Поред овие земји, ограничувањето важи и за граѓаните од Италија, Иран и Романија, како и одделни градови од Кина и  Република Јужна Кореја.

Нема ограничувања во увоз/извоз товарниот транспорт. Предвиден е коридор за транзитни камиони од Италија за РС Македонија преку Словенија, Хрватска и Србија. Транзитот се извршува само во конвои.

Од 12 март 2020 година затворен е за сообраќај на лица и возила преку граничниот премин Прохор Пчински, при што сообраќајот кон и од Србија се пренасочува кон граничниот премин Табановце. Во продолжение список на затворени гранични премини на Р. Србија.

Неофицијално !!! Не постои ограничување на транзитот на тешки товарни возила, но се воведува временско ограничување од 12 часа за транзит преку Србија.

Железница – Целосно е во прекин железничкиот патнички сообраќај со Хрватска и Унгарија.

Турција

Сите гранични премини се затворени за патници кои престојувале во следниве земји:
Италија, Германија, Франција, Шпанија, Норвешка, Данска, Белгија, Австрија, Шведска, Холандија, Кина, Иран, Ирак и Јужна Кореја.
Возачите на камиони (освен турските возачи) кои доаѓаат од наведените земји, ќе бидат ставени во карантин 14 дена на граничниот премин и нема да им се дозволи од страна на турските власти да влезат во Турција за време на карантинскиот период.

Во врска со епидемиолошката состојба, турските власти инсталирале термичка камера за мерење на температурата при влезн на патниците. Ова може да ги забавува процедурите кон Турција.

Железница – Со одлука на турските власти, сообраќајот на меѓународниот експресен воз помеѓу Софија и Истанбул е привремено суспендиран.

Унгарија

Унгарија прогласи „вонредна состојба“ на 12-ти март. Овој посебен правен поредок ги има следниве последици врз транспортните активности:

  • Патниците кои доаѓаат од Италија, Кина, Јужна Кореја и Иран не можат да влезат во Унгарија, освен унгарските граѓани (на кои ќе им биде наредено да се изолираат 14 дена). Привремено е запрен целиот воздушен сообраќај, патен и железнички меѓународен сообраќај.
  • Постапките за гранична контрола се повторно воведени на граничните премини со Австрија и Словенија (вклучително и проверките на здравјето).

На прес-конференцијата, министерот за премиер рече дека „засега транспортот на стоки не е засегнат од овие мерки“. Сепак, задолжителните транзитни патишта се утврдени од унгарската полиција на 13-ти март (видете ја мапата).

Во цела Унгарија, беше одобрено општо ослободување од возачките ограничувања за камиони и комбинација на возила со MPW од повеќе од 7,5 тони. Ова изземање важи додека не се отповика.

Железница- Целосно е во прекин меѓународниот патнички сообраќај кон Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска и Србија.

Украина

Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина, Олексиј Данилов, на 13-ти март објави дека земјата ќе ги затвори своите граници за странците (на сила од 15 март) за 14 дена, со продолжување доколку е потребно.

Повеќето гранични пунктови во земјата се очекува да бидат затворени. Премиерот најави дека само 49 гранични пунктови ќе останат отворени. Постои одложување на преминувањето на тешки товарни возила како резултат на мерењето на температурата на влезните и појдовните лица. Списокот на украинските гранични премини затворени или ограничени за движења може да се најде на анексите на владината уредба.

Хрватска

Сите гранични премини се затворени освен за домашните и граѓаните од соседните земји со цел да транзитираат до нив.

Во товарниот транспорт се применуваат посебни ограничувања: сите странски возачи кои доаѓаат од Италија, Кина, Јужна Кореја, Хонг Конг, Јапонија, Сингапур, Малезија, Бахреин, Иран, Германија, Франција, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Велика Британија, Холандија, Шведска и Регионот Бела Краина (Словенија), освен возачите во транзит, ќе биде ставен во задолжителна 14-дневна карантин во Хрватска.

Странските возачи се предупредуваат на граничните премини дека можат да се вратат назад за да избегнат карантин. Долг временски период на чекање во моментот се забележува на граничните премини. Постојат делумно затворање на граничните премини помеѓу Србија и Хрватска (види Србија).

Железница – меѓународниот патнички сообраќај времено е прекинат

Република Чешка – Од 16 март 2020 година е забранет влез на странци во Чешка. Забраната не се однесува на странци кои живеат во Чешка.

Забраната не важи и за товарниот патен превоз кој може да се одвива на следните гранични премини

Австрија (Dolní Dvořiště, České Velenice, Hatě Mikulov) и Германија (Strážný, Pomezí n.O., Rozvadov, Folmava, Žel. Ruda, Krásný Les, H.Sv. Šebestiána)

Министерството за транспорт на Чешка, одобри општо ослободување од ограничувањата на возењето на автопатите и патиштата од класа I во Чешка за камиони и комбинирани возила со MPW од над 7,5 тони и камиони и специјални возила со приколки, доколку тежината на моторното возило надминува 3,5 тони. Ослободувањето важи од 15:00 часот на 13 март 2020 година за моментот кога вонредната состојба е во сила, но не подолго од една година. Исто така има поголема толеранција околу работното време на возачот/

Црна Гора

Границите се целосно затворени за патнички сообраќај.

Ограничувања се наметнуваат на сите превозници кои доаѓаат од ризичните области. Нема да им се дозволи влез на територијата на земјата.

Шпанија

Во шпанскиот Службен весник (El Boletín Oficial del Estado) беше објавена резолуцијата на Генералниот директорат за сообраќај на патиштата (ДГТ) од 13 март 2020 година, со која привремено се ослободуваат возачите од примената на  законските периоди на работа и одмор.

Овие исклучоци се применуваат на товарните превози што поминале целосно или делумно низ ризични области или значајни области на пренесување на вирусот на шпанска територија:

– автономните заедници на Мадрид и Ла Риоха, општините Лабастида-Бастида и Виторија-Гастииз (Баскија) и Миранда де Ебро (Кастиља Ле Леон),

– Италија (цела земја),

– Франција: одделенија на Хаут-Рин (Гранд Ест) и Лиз (Хаут-де-Франција),

– Германија: град Хајнсберг (Северна Рајна-Вестфалија),

– Кина (сите провинции, вклучително и Хонг Конг и Макао),

– Јужна Кореа,

– Јапонија (остров Хокаидо),

– Сингапур

– Иран.

Авиосообраќајот од аеродромите во Севиља, Мадрид, Барселона и Тенерифе се одвива со големи задоцнувања

Забелешка: Информациите се актуелни во моментот на поднесување. Ситуацијата е динамична и може да се појават ненадејни промени што ќе ги надминат претходните одредби. Повеќето држави наведуваат дека мерките влегуваат веднаш, од времето и датумот на донесената одлука.

Последна вест од веб страната на Макам Транс, а која се однесува на состојбата на италијанско – словенечката граница по реакцијата за задржани македонски возила, со вчерашниот конвој се пропуштени 10 македонски возила на пат кон РС Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *