ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ТОВАРЕН ПРЕВОЗ ВО ДАМАСК СЕ ВРАЌА ПОСЛЕ ОБНОВУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ПРУГИТЕ ВО СИРИЈА

СИРИЈА: За прв пат после девет години на 8 август товарен воз од медитеранското пристаниште Тартус пристигна во силосите Ал-Сабинах на југот на Дамаск, при што донесе 1.000 тони жито.

Министерот за транспорт, Али Хамуд, изјави дека ова е продолжување на железничките услуги кон и од Дамаск по „кражбите, саботажите и уништувањата“ на трасата од 309 км од Тартус до Ал-Сабина за време на граѓанската војна.

Ова вклучува целосно уништување на 40 км од линијата на четири места, а ровови и тунели се ископани околу железничката пруга на 26 локации.

Работата за рехабилитација на линијата ја заврши националната железница ЦФС за еден месец, рече министерот, запазувајќи го рокот и покрај жешките услови во пустината, недостатокот на опрема, санкциите и спроведувањето на заштитните мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Министерот исто така нагласи дека заживувањето на железничките услуги помеѓу пристаништето и главниот град ќе имаат големо влијание врз обезбедувањето на снабдување со добра, вклучително жито и гориво.

Патничкиот превоз сообраќа северно поред брегот од Тартус до Латакија, со два воза неделно наменети за задоволување на потребите на студентите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *