ЕМАНУЕЛ МАКРОН ГО НАЈАВИ ВРАЌАЊЕТО НА НОЌНИТЕ ВОЗОВИ

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, „сака повторно да ги врати ноќните возови“ кои беа напуштени од страна на SNCF пред триесетина години. Постои надеж дека ќе се инвестира во ваков вид на транспорт кој е истовремено и екололошки но и економочен.

Се очекува враќањето на ноќните возови во рамки на Франција и тоа да биде враќање кое би било поддржано поради многу причини, а најзначајната од нив е можноста за транзитирање кон еколошки начини на транспорт.

Ова всушност е дел од изјавата на Макрон, кој во меѓудругото вели: „Ние ќе се обидеме повторно да го вратиме ноќниот воз. Бидејќи тој вид на возови ни заштедуваат пари и имаат мала емисија на CO2.“

За овој вид на возови ќе се воспостават кратки релации но ќе има можност и за превоз на товар. Па така ова се многу добри вести за Carole Delga, кој е претседател на Région Occitanie и чијашто борба беше опстанувањето на овој вид на возови.

Но секако враќањето на овој вид на возови ќе бара и дополнителни финансиски средства кои ќе треба да ги обезбеди француската држава. Сегашната железничка мрежа е стара и  потребно е нејзино обновување.

Во периодот на `80 тите години, над 500 градови беа опслужувани со овој вид на возови. После 2000 година, остануваат околу 67 градови низ кои циркулираа ноќните возови. Денеска само две линии се во функција од страна на SNCF. Едната линија е на релација Paris – Toulouse – Rodez – Latour-de-Carol и другата релација е во Sud-est de la France вклучително и  Paris – Briançon.

Две приватни железнички компании работат на релациите Париз – Венеција (релација на која оперира l’Italien Thello), Париз – Москва и Ница – Москва (релации на кои сообраќа ноќен воз на руските железници РЖД).

Ноќен воз на релација Москва – Ница

Франција вложи големи напори за да ги развие брзите возови и притоа изгуби многу од нефункционирањето на овие ноќни возови, кои може да бидат многу значајни за меѓусебно поврзување на голем број на територии.

Па затоа француската држава се обидува да го врати назад во функција овој вид на возови и притоа да добие субвенции кои наменски би ги искористила за повторно заживување на овој вид на возови.

Ноќен воз на релација Париз – Венеција

Главните барања се: одржување  на дневната релација помеѓу Paris – Rodez и Paris – Latour-de-Carol, одржливост на релацијата Paris – Cerbère ( 50% финансиран од страна на Регионот) и враќање на услугите на Narbonne. Заедницата исто така сака и враќање на релацијата Paris – Tarbes, северо – исток од Франција.

Друг суштински елемент е модернизација на возниот парк, кој се смета за многу стар и бучен и со основна удобност. Се прави директна споредба со Австрија која повтроно ги вратила во функција овој вид на возови но многу подобро опремни од претходно.

Неопходна инвестиција од 1,5 милијарди евра

Со цел да се придобијат француските патници, во рамки на функционирањето на ноќниот воз ќе треба да се воведат нови услуги, точност, квалитет (удобни вагони за спиење,инсталирање на wi-fi итн). И во оваа насока треба да се размислување на чинењето на билетот бидејќи овој вид на транспорт треба да биде конкурентен за да може да заживее.

Во периодот кога министерот Jean-Baptiste Djebbari  очекуваше да ги дознае намерите на јавните власти, тој спомена за повторно враќање на две линии до 2022 година, кои би сообраќале на релација Париз – Ница и Париз – Тарбас. Извештајот за подготовка би требало да биде готов до крајот на летото.

Од страна на патниците ваквата најава на Шефот на државата е пречекана со воодушевување, но се чека и понатамошна акција но и финансиска поддршка. Потребни се 1,5 милијарда евра за финансирање до 2030 година кои би требало да бидат доволни за отворање на на 15 национални линии, со 750 нови и реновирани вагони и 15 нови европски линии кои би требало да бидат кофинансирани од страна на различни држави. Но се е прашање на политичка волја која во моментот се има.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *