ДНЕВЕН ВОДИЧ ЗА ВОЗАЧИТЕ НА КАМИОНИ ВО ЕВРОПА АЖУРИРАН НА 04.11.2020 ГОДИНА
Ажурирањата се објавени за секој ден поединечно во списокот за да можете да имате брз пристап до најновите промени.
Информациите се собрани со употреба на податоци од веб-страница на Европската унија ре опен, амбасадите на Велика Британија и Соединетите Американски Држави, како и соодветните владини веб-страници на земјите на мапата.
Секако ќе се обидуваме да ги ажурираме податоците што е можно повеќе, но за информации од минута во минута, препорачуваме да ги посетите веб-страниците за „дополнителни информации“ што ги наведовме за секоја земја во претходните статии.
Ажурирање 04.11.2020
Италија ќе започне полициски час од 22:00 до 5 часот по полноќ во четврток на 5 ноември. Новите национални мерки вклучуваат затворање на трговски центри за време на викендите и целосно затворање на музеи и галерии. Баровите и рестораните веќе се затвораат во 18 часот на национално ниво според мерките воведени кон крајот на минатиот месец.
Покрај тоа, земјата треба да се подели на три области со различни правила во зависност од сериозноста на локалната ситуација: црвени (високоризични), портокалови (среден ризик) и зелени (побезбедни) зони.
На луѓето во зоните со најголем ризик им е кажано да останат во нивната комуна (општина или град) и им е дозволено да заминуваат само за работа, за здравствени или други суштински причини, бидејќи Италија воведува најстроги мерки после двомесечното заклучување во пролетта.
Полска ќе воведе строги мерки за коронавирус во сабота на 7-ми ноември, вклучително и затворање на несуштински продавници во трговски центри, како и ограничување на престојот во хотелите. Хотелите сепак остануваат отворени за деловно патување. Барови, ресторани и кафулиња веќе се затворени во земјата.
Унгарија влезе во вонредна состојба што треба да трае минимум 15 дена и веројатно ќе биде продолжена на 90 дена. Полицискиот час е во сила од полноќ до 5 часот наутро, додека наредбата е да се затворат ноќните клубови.
Здружението за превоз на сообраќај во Белгија обезбеди информации за документите што возачите треба да ги имаат на располагање за да бидат изземени од полицискиот час.
Постојат достапни формулари за ослободување на француски јазик, сепак, сертификатот на Европската унија за работници во транспортот е валиден и во земјата. Така, има смисла да се користи таа форма бидејќи е достапна на англиски јазик – ќе ја најдете на последната страница од ова pdf.
Доколку сакате да поминете повеќе од 48 часа во Белгија, треба да пополните формулар за лоцирање на патникот, дури и ако сте возач на камион. Можете да го пополните на интернет или да го преземете, печатите и пополните формуларот во pdf овде.
Во Грција, владата воведе ограничувања во различни региони во зависност од бројот на ковид случаи. Во жолтите зони, кои се претежно на југ, рестораните, баровите и кафулињата може да работат со примена на коронавирусните мерки. Сепак, во црвените зони, кои се претежно на северот на Грција, баровите, рестораните и кафулињата се затворени.
Кои ограничувања се применуваат во секој регион, можете да дознаете на оваа мапа изработена од грчките власти.
Ажурирање 03.11.2020
Во Швајцарија, регионот Кантон Женева воведе делумно заклучување на 2 ноември. Во оваа област, баровите, рестораните, кафулињата и несуштинските продавници мора да се затворат до 29-ти ноември. Нов низ на ограничувања се применуваат низ целата земја од 28-ми октомври.
Во Бугарија баровите и рестораните ќе бидат затворени од 03.11.20 година. На гостите во хотелите им е дозволено да јадат оброци само во нивната соба. Достава на оброци е дозволено до 22.00 часот. Забрането е продавање алкохолни пијалоци по 20.00 часот.
Регионот Северна Рајна-Вестфалија во Германија ги укина забраните за товарни возила до 18 јануари 2021 година. Опуштеноста исто така важи и за празни патувања со камиони во недела и државни празници. Сепак, олабавувањето на забраната не се однесува за посебни пратки.
Ажурирање 02.11.2020
Словачка воведе задолжително тестирање и карантин за повеќето патници кои влегуваат на нејзината територија. За време на пишувањето, знаеме дека возачите на камиони се ослободени од карантин. Првичните извештаи од полски превозник што работи во земјата сугерираат дека возачите се исто така ослободени од тестовите Ковид-19. Сепак, не можеме 100% да ги потврдиме информациите во оваа фаза.
Возачите треба да ги пополнат своите обрасци за ослободување, кои може да ги преземете тука. Првите три реда во документот под знамето на ЕУ се за пишување на вашето име и презиме, датум на раѓање и место на живеење. Возачите на камиони треба да ја означат првата рубрика во образецот и да го потпишат работодавецот на долниот дел.
Во Шпанија, во сила се разни регионални ограничувања. Мапа од нив можете да најдете овде.
Исто така, поради тешката состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот и вонредната состојба, Генералниот директорат за патен сообраќај (ДГТ) донесе одлука за привремено суспендирање на ограничувањата во сообраќајот на камиони. Сепак, оваа релаксација не се однесува на сите тешки товарни возила.
Од 30-ти октомври до 9-ти ноември, ограничувањата во сообраќајот на камиони нема да важат за возила со GVW над 7,5 тони, возила за кои се потребни дополнителни сообраќајни дозволи или специјални возила. Според шпанската федерација на транспортни здруженија, ова релаксирање не се однесува на возилата што носат опасни материи (АДР) и не се однесува на двете автономни заедници – Каталонија и Баскија.
Во Црна Гора, во општина Шабљак, забрането е напуштање на домовите помеѓу 22:00 и 5:00 часот следниот ден. Оние кои треба да го прекинат полицискиот час од професионални причини, може да го сторат тоа, но со потврда од нивниот работодавец. Веднаш штом ќе најдеме врска до линкот, ќе ви го доставиме тука.
Ажурирање 01.11.2020
Од четврток 5-ти ноември, Велика Британија ќе влезе во 4-неделна блокада (локдаун). Несуштинските продавници ќе се затворат, но сепак ќе може да се користат како место за подигање на предмети купени преку интернет. Баровите, рестораните и кафулињата ќе бидат затворени за време на блокадата, а граѓаните ќе може да ги напуштаат своите домови само за набавка на основни намирници, работа, вежбање, посета на клиники и болници или грижа за ранливите категории.
Патувањето во странство е дозволено само заради деловни причини, што секако значи дека нема дополнителни Ковид 19 ограничувања за камионскиот товарен превоз што влегува во Велика Британија.
Австрија исто така тргна во некаков бид на блокада – полицискиот час во моментов е во сила од 20 до 6 часот наутро до 12 ноември. Рестораните и баровите можат да понудат само храна за носење, јадење не е дозволено во нив. Хотелите можат да останат отворени само за деловни патувања. Продавниците сепак можат да останат отворени, иако е потребно најмалку 10 квадратни метри простор по клиент.
Во Португалија, делумна блокада ќе се спроведе во неколку региони, вклучувајќи ги Лисабон и Порто, од среда, 4 ноември. Блокадата ќе трае до крајот на 15 ноември. Сепак, забележливо е помалку строго од другите заклучувања во Европа – баровите, рестораните и кафулињата сè уште ќе можат да работат до 22 часот.
Исто така, Грција додаде дополнителни ограничувања. Полицискиот час е во сила помеѓу полноќ и 5 часот наутро. Исто така, потребно е да се носат маски на сите јавни места, било да е тоа во затворени простории или на отворено.
Ажурирање 31.10.2020
Белгија се врати во целосна блокада. Земјата ќе ги затвори сите несуштински деловни активности шест недели од понеделник 2-ри ноември, вклучително и фризерниците. На супермаркетите ќе им биде дозволено да продаваат само основни намирници.
Хотелите остануваат отворени, но оброците можат да се служат само во собите.
Во Грција, премиерот Киријакос Мицотакис објави дека целиот Солун е во полу-блокада. Регистриран како закана од ниво 4, во градот е воведен полициски час во периодот од 00:30 до 5:00 часот. Училиштата и продавниците ќе останат отворени.
Јанина и Серес исто така заминаа во блокада, но помалку строги. Згора на истиот полициски час, сите јавни и приватни собири се прекинати, како и работењето на културните и угостителските места. Не само тоа, туку и патувањето надвор од овие регионални единици е забрането додека заклучувањето трае. Возачите на камиони сепак ќе бидат изземени од ограничувањата за патување.
Ажурирање 30.10.2020
Каталонија објави дека делумното заклучување ќе биде на сила од петок 30-ти октомври во 6,00 часот до понеделник 1 ноември во 6,00 часот. Баровите и рестораните ќе останат затворени, мерката e донесена пред две недели, иако услугите за испорака и шалтерско подигање на храната сепак ќе бидат дозволени. Нејзините граници со Франција и остатокот од Шпанија ќе бидат затворени за редовен патнички сообраќај, но возачите на камиони можат да ги продолжат своите патувања во или низ регионот.