ГРЧКИ И КИНЕСКИ ЕКСПЕРТИ РАЗГОВАРААТ ЗА РАЗВОЈОТ НА ПИРЕЈСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

На дводневниот семинар кој се одржува во Атина под покровителство на кинеската иницијатива БРИ, експертите од Грција и Кина го пофалија растот на пристаништето Пиреј.

„Грција историски е трговска држава и има огромна поморска индустрија“, изјави Атанасиос Платијас, професор на Универзитетот во Пиреја, за Ксинхуа. „Значи, природно, Грција припаѓа во оваа иницијатива бидејќи грчките бродови се дел од поморскиот пат на свилата и Пиреа е успешен пример“.

Семинарот се одржа во петокот и саботата под наслов „Кина, Грција и Источниот Медитеран“. Настанот беше заедничка иницијатива на Фондацијата Екатерини Ласкаридис од Грција и Универзитетот Цинхуа од Кина.

„Ова е вин-вин договор, бидејќи Пиреј стана многу важен.  Тоа е добро за Грција“, коментира Хараламбос Папасотириу, професор по меѓународни односи и стратешки студии на Универзитетот Пантеон за социјални и политички науки.

„Исто така, Пиреј е профитабилна инвестиција за COSCO (Кинеска прекуокеанска карго компанија) и многу добро за кинескиот извоз“, додаде тој.

Пирејското пристаниште се наоѓа на Медитеранот, околу 10 километри југозападно од грчката престолнина Атина и важи за „јужната порта на Европа“. Во моментов, контејнерскиот дел од пристаништето е управувано од COSCO Shipping и стана една од најбрзо растечките пристаништа во светот.

Според мислењето на Жао Кејин, заменик-декан на Факултетот за општествени науки, БРИ може да се толкува како нов план за глобализација.

Тоа не е антагонистички, туку е кооперативна шема со цел да се изгради заедничка иднина преку зголемен контакт меѓу владите, соработка помеѓу бизниси и интеракции меѓу луѓето, рече Жао.

Извор: www.xinhuanet.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *