БМВ ПРИРЕДИ НЕВЕРОЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЧКО ЗБОГУВАЊЕ НА ДИРЕКТОРОТ НА МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ, ДИТЕР ЦЕТЧЕ, НА НЕГОВИОТ ПОСЛЕДЕН РАБОТЕН ДЕН
Во светот на бизнисот, ривалството честопати се поврзува со почитување, а кога станува збор за тоа, германските производители на автомобили се покажаа како фер плеј соработници со текот на годините. За да се збогува со извршниот директор на Мерцедес-Бенц, Дитер Цетче, познат како Др. З, БМВ објави видео со кое му го честиташе пензионирањето.
Во клип што го дистрибуираше БМВ, камерата следи човек кој личи на Цетче, преправен со неговите мустаќи и очила, на неговиот последен работен ден. На клипот го пратиме Цетче како ја враќа својата работна легитимација на рецепција и се збогува со вработените во фоајето, пред да биде вратен дома со црн седан од Mercedes-Benz S-Class.
Откако автомобилот ќе го остави, Цетче влегува во гаражата за да го земе неговиот добро скриен BMW i8 спорт со мотото: Конечно слободен.
Видеото завршува со голема благодарност, велејќи: „Ви благодарам, Дитер Цетче, за толку многу години инспиративна конкуренција“, после што следи амблемот на BMW и слоганот: Сподели го задоволството во возењето.
Цетче претходниот понеделник се пензионира, а го наследи Ола Каелениус, досегашен Директор на истражувачкиот центар на Мерцедес-Бенц.
Мерцедес-Бенц не можеше точно да го пушти ова видео, па затоа излезе со сопствен одговор, кој го сподели на Твитер.
Retirement is when you can leave your past behind and embrace your future. 😉#BMW #Mercedes #Zetschehttps://t.co/S0njE4CNfp pic.twitter.com/wK1sLm2gS8
— BMW (@BMW) May 22, 2019
Pingback:ЗА 20 ГОДИНИ МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ ЌЕ ПРОДАВА САМО АВТОМОБИЛИ СО НЕУТРАЛЕН ЈАГЛЕРОД - Еуро Мобилност