БИОАКТИВНИ ВОЗИЛА КОИ РАБОТАТ НА ЕКОЛОШКИ ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА
Концептуалното возило Volkswagen ID5 е замислено возило од страна на Мигел Мојица, кое би требало да биде функционално во 2050 година. Ова возило би требало да се напојува од еколошки извор на енергија, што е многу поразличен концепт од возило кое се напојува од фосилни горива.
Ова возило би требало да извлекува енергија од воздухот и да ја филтрира и на тој начин да се движи, што би допринело да намалување на загадувањето во урбаните области. Автомобилот би требало да користи магнетна левитација (маглев)- технологија за патиштата и со следно ниво на автономија, што значи ослободување на патникот во возилото од било какви операции на возење.
Концептуалното возило Volkswagen ID5 е истотака фокусирано на целокупен еколошки дизајн, благодарение на употребата на биоразградливи компонентни кои ќе можат лесно да се рециклираат по звршување на употребливоста на автономното возило.