А.П. МОЛЕР – МАЕРСК СЕ ПРИКЛУЧУВА НА ТРАКСЕНС
А.П. Молер – Маерск ќе се приклучи на ЦМА ЦГМ и МСЦ како клучен акционер и купувач на Траксенс.
Траксенс e oснованa во 2012 година и создаде решение за надзор, пратење и координација на контејнерите. ЦМА ЦГМ првпат инвестираше во старт ап во 2012 година, а подоцна, во 2016 година се приклучи МСЦ.
Со договорот Маерск ќе инвестира капитал во Траксенс, во кој ќе има слични права како акционерите ЦМА ЦГМ и МСЦ. Маерск, исто така, се обврза да нарача 50.000 Траксенс уреди, сличен на уредите од ЦМА ЦГМ и МСЦ.
Траксенс сега ќе се фокусира на зајакнување на своите решенија и превозната интероперабилност врз основа на не-сопственички технологии и отворени стандарди.
Ингрид Упелшотен Снелдервард, потпретседателка и раководителка на секторот за опрема во А.П. Молер-Маерск, изјави:
„Создавањето подобра прегледност во состојбата и локацијата на контејнерираниот товар ја доведува стратегијата на Маерск да понуди дигитално целосни решенија. Откако ја воведовме ИоТ-технологијата во нашата флота на ладилници, ние сме возбудени што можеме да се приклучиме на Траксенс и да соработуваме со огромниот потенцијал во контејнерскиот превоз. Со оваа инвестиција се надеваме на соработка со клучните играчи на индустријата за да го унапредиме водечкото решение во рамките на поврзаните производи и технологии за превози со голема вредност, истовремено обезбедувајќи му избор на клиентот преку интероперабилност и отворени стандарди“.