ЗА 20 ГОДИНИ МЕРЦЕДЕС-БЕНЦ ЌЕ ПРОДАВА САМО АВТОМОБИЛИ СО НЕУТРАЛЕН ЈАГЛЕРОД

Германскиот гигант Мерцедес-Бенц изјави дека сака да престане со продажба на моторните возила со традиционално внатрешно согорување до 2039 година и планира во транзицискиот период од 20 години да ги продава своите нови возила со неутрален јаглерод.

„Наша цел е да имаме нова флота на патнички возила со неутрален јаглерод за 20 години”, рече Ола Калениус, актуелниот шеф за истражувањето на Мерцедес, кој од пред една недела го наследи Дитер Цетче (Dieter Zetsche) на местото Претседател на Дајмлер групацијата.

Сите модели на Мерцедес ќе бидат електрични или хибридни во рок од две децении, рече портпаролот на компанијата, но можни се различни пристапи.

„Акцентот сега го ставивме на мобилната електрична батерија, но има простор и треба да продолжиме да работиме на други решенија, на пример, горивната ќелија или eFuels”, рече Калениус во соопштението.

„Денес, никој сигурно не знае кој микс на погонска енергија најдобро ќе ги задоволи потребите на нашите клиенти 20 години од сега. Затоа ги поттикнуваме креаторите на политиката да го отворат патот за технолошка неутралност: Да ја поправиме целта, но не и средствата за да го постигнеме тоа.“

Дајмлер вели дека синтетичките горива произведени со обновлива енергија мора да дозволат хибридните возила да работат без емисија на CO2, но овие горива сè уште не се на пазарот.

Дајмлер има за цел да постигне 50 отсто удел од продажбата на електрични возила до 2030 година и ветува дека своите европски производствени капацитети ќе ги направи CO2 неутрални до 2022 година, додаде Каелениус.

Германските производители на автомобили се насочени кон електричната енергија соочени со идните построги правила за емисии во Европската Унија од 2020 година и оптоварени со големите глоби доколку тие се прекршат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *