ВО АВСТРИЈА БАРААТ ПАТАРИНАТА ЗА КАМИОНИ ДА ВАЖИ НА СИТЕ ПАТИШТА
Заменик гувернерот на Долна Австрија, Франц Шнабле, повика да се прошират патарините за тешки товарни возила на сите австриски патишта. Идејата е да се спречат камионите да користат алтернативни правци за да избегнат патарина на автопатот.
Сепак, потпретседателот на Австриската стопанска комора го критикуваше планот, велејќи дека тоа ќе наштети на локалната економија.
Франц Шнабле тврди дека воведувањето патарина на сите патишта ќе ги врати камионите на автопатите во земјата, со што ќе се намалат оние што транзитираат низ селата и градовите. Тој тврди дека ова ќе ја подобри безбедноста на патиштата и ќе ја намали бучавата и загадувањето во руралните области. Според него, Швајцарија постигнала слични резултати благодарение на системот за наплата.
Според австриската новинска агенција Орф, овластувањата за поставување патарина во Австрија им припаѓа на федералните единици во земјата. Затоа, тие не можат подеднакво да се воведат на национално ниво, освен ако регионалните влади не се согласат.
Идејата беше критикувана од Австриската стопанска комора. Потпретседателот Кристијан Мозер рече дека планот ќе предизвика „непоправлива штета“ за економијата на земјата, која се обидува да се опорави од пандемијата.