ПОДНИТЕ ВАГОНИ НА КОМПАНИЈАТА „ЈУНАЈТЕД ВАГОН“ ГО ПОМИНАА УСПЕШНО ТЕСТОТ ЗА СООБРАЌАЈ НА ЕВРОПСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЧКИ МРЕЖИ
Зглобниот шест осовински плато вагон Sggrs80 наменет за превоз на контејнери, произведен од United Wagon Company (UWC) за Германски железници, успешно го помина тестирањето за хомологација и сертификација во Европа.
Испитните резултати и даваат на руската група на железнички компании право да започнат со Агенцијата за железници на Европската унија (ЕРА) официјална процедура за сертификација и да го исполнат договорот за снабдување со 270 вагони на најголемиот железнички оператор и сопственик на инфраструктура во Европа.
Во август 2019 година, прототип од плато вагонот беше испратен на тестирање во VÚKV, Чешка. Таму вагонот помина низ серија испитувања за усогласеност со барањата за TSI WAG и TSI Noise (Технички спецификации за интероперабилност), процес кој траел неколку месеци и вклучувал испитување на сопирачкиот систем, испитување на цврстината под статичко оптеретување, испитувања на удар, испитувања за бучава и други.
Фабриката за изградба на товарни вагони „Тихвин“, исто така, помина успешна ревизија на сопствените процеси на производство и квалитет од страна на ВУЗ, чешко овластено тело за нострификација акредитирано од ЕРА, кое му ги издаде потребните сертификати за усогласеност со ТСИ на компанијата „Тихвин“ за зглобниот плато вагон Sggrs80 кој има намера да го произведе.
Зглобниот шест осовински плато вагон Sggrs80, долг 80 метри, е на исто ниво со врвните модели од целиот свет во однос на неговите технички спецификации. Благодарение на својот зглобен дизајн, вагонот има носивост од 108 тони, и низа решенија кои се нетипични за европските плато вагони и му овозможуваат ефикасно и безбедно да превезува разни категории на големини на ISO контејнери, танк контејнери и интермодални SWAP-тела со должина помеѓу 20 и 30 стапки и бруто тежина до 36 тони, или со должина од 40 стапки и бруто тежина до 40 тони. Плато вагонот е опремен со завртни брави во согласност со европските стандарди за товарање на контејнери во различни комбинации. Вагонот има дозволено осовинско оптоварување од 22,5 тони и ширина на колосек од 1.435мм. Вагонот е дизајниран од специјалисти кои работат во сеевропскиот истражувачки и развоен центар за сообраќајна технологија (VNICTT, член на групацијата UWC).