ИДНИНАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ – ИНТЕРВЈУ СО ЕЛИЗАБЕТ ВЕРНЕР
Европската комисија се фокусира на ветувачки начини на транспорт, како што е железничкиот сообраќај. Елизабет Вернер, Директор за копнен транспорт на Европската комисија, нејзините гледишта за железничкиот товарен транспорт, недостатоците и барањата на корисниците на железничкиот превоз.
До кој степен Европската комисија ја поддржува стратегијата за интернационализација на железничкиот товарен транспорт?
Елизабет Вернер: Во Европската комисија, ние секогаш размислуваме на европско ниво. Основен столб за ова е создавањето на единствена европска железничка мрежа. Но, работиме и на подобри транспортни врски со земји надвор од ЕУ, во областа на сигурноста во сообраќајот и транспортната технологија. Во светот, ЕУ не е само лидер, туку е и мерило. На европските железнички компании им ја даваме целосната поддршка што им е потребна.
Каде железничкиот товарен транспорт покажува дефицити со цел да се избегне брзиот развој и трендовите во логистиката?
Елизабет Вернер: Железниците мора да играат уште понагласено во однос на своите предности, кои пред сè ги имаат во превозот на подолги растојанија помеѓу големите претоварни точки, како што се големите пристаништа. Тука железницата мора да стане уште пофлексибилна и посигурна – ова исто така важи и за тековните информации за статусот на транспортот. Но, уште поважно е да се фокусира на потребите на клиентите и уште побрзо да се прилагоди на промените на пазарот. Точноста во товарниот сообраќај мора да има сличен статус како во патничкиот превоз.
Што треба да се промени во железничкиот товарен транспорт со цел да се остане конкурентен со камионскиот транспорт?
Елизабет Вернер: Лично, би сакала железниците да го променат својот став кон камионскиот превоз. Камионот не е само конкурент на железницата, тој е исто така важен партнер во управувањето со целосниот логистички ланец. Поради тоа, ЕУ, ја прогласи 2018 г. како година на мултимодалноста, со цел да се поддржи поголема интеграција на различни начини на транспорт.
Што значи мултимодалност?
Кога транспортот на стоки се одвива со една транспортна единица во една временска рамка со два или повеќе различни начини на превоз, зборуваме за мултимодален транспорт. Неколку превозни средства се користат последователно во рамките на транспортниот ланец. Со тоа транспортот е комбиниран и ги комбинира предностите на железницата и на патот, како и на водата и воздухот во еден транспортен ланец.
Интервјуто е преземено од: www.railfreightforward.eu