Дома

Здружението ЕУРОМОБИЛНОСТ Скопје е граѓанска организација којашто поведува иницијативи и учествува во градење на јавно мислење и креирање на политиките во областа на мобилноста и се залага за решавање на општествените предизвици во областа на интеграција на транспортните системи. Промовира, информира и реализира активности за унапредување на безбедноста во сообраќајот, како и подигнување на свеста кај патувачкиот свет во поглед на нивните права и обврски при патувањето.

Здружението ЕУРОМОБИЛНОСТ Скопје е со седиште во Скопје, на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.16/ДП03.

Здружението ЕУРОМОБИЛНОСТ Скопје има свој знак (амблем) којшто претставува стилизиран правоаголен графички приказ на буквите Е и М поврзани со транспортни средства во сина боја.

ЦЕЛИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Основна цел на Здружението ЕУРОМОБИЛНОСТ Скопје е застапување и лобирање за унапредување на транспортната легислатива, подигнување на јавната свест и информираноста во делот на мобилноста и одржливиот транспорт и афирмирање на правата на патниците, заштита на животната околина, како и унапредување на безбедноста во сообраќајот.

Долгорочни цели на Здружението ЕУРОМОБИЛНОСТ Скопје се: 

    • Добро владеење, партиципација и политики насочени од и кон патниците;
    • Вкоренето и динамично граѓанско општество, кое влијае на јавните политики;
    • Прифатена културна разноличност, меѓузависност и дијалог;
    • Социјална кохезија;
    • Одржлив локален и рурален развој;
    • Поддржан евроинтеграциски процес и зајакната регионална соработка;
    • Одржување и зголемување на програмата на веб порталот www.euromobilnost.com

Други цели на Здружението ЕУРОМОБИЛНОСТ Скопје се:

  • Да организира манифестации и јавни дебати за промоција и активно вклучување на прашањето на интегрерираниот транспортен систем во главниот град;
  • Да организира и учествува на семинари и советувања на кои се разгледува прашањето на правата на патниците;
  • Да предлага мерки и активности на надлежните органи, институции  и стручни служби, со цел унапредување на регулативата во областа на мобилноста, како и да учествува во следење на нејзината имплементација;
  • Да организира и спроведува обуки за развој на капацитетите на транспортната легеслатива;
  • Пратење и преведување на европската транспортна легеслатива и предлагање на адаптивни легеслативи до институциите.
  • Да соработува, да се поврзува и да се зачленува во други домашни и меѓународни организации кои работат на иста или слична проблематика;
  • Да обезбедува материјални, финансиски и правни услови за работа на здружението и неговите членови.

ЧЛЕНУВАЊЕ

Член на Здружението ЕУРОМОБИЛНОСТ Скопје може да биде секој граѓанин, независно од неговата возраст, кој доброволно ќе пристапи и кој ќе ги прифати целите на здружението утврдени со овој статут. Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува во здружението со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник.

  • Зачленувањето се врши со пополнување и потпишување на пристапница.
  • На секој член му се издава членска легитимација.
  • Формата и содржината на пристапницата и членската легитимација ги пропишува  Собранието.