ЗАПОЧНА ТРИДНЕВНИОТ ШТРАЈК НА ГЕРМАНСКИТЕ МАШИНОВОЗАЧИ
Германскиот синдикат на машиновозачи (ГДЛ) одлучи да стапи во штрајк. Штрајкот стапи на сила од вторникот и ќе трае до петок, 13 август. Превозот на стоки со железница исто така ќе биде засегнат од оваа постапка, бидејќи машиновозачите исто така престанаа со работа и во товарниот превоз, пренесува railfreight.com.
Дури 95% од членовите на синдикатот ГДЛ гласаа за штрајкот. Претседателот на синдикатот, Клаус Веселски, изјави дека оваа бројка е далеку поголема од очекуваната, што е показател за состојбата на вработените во Дојче Бан.
Машиновозачите и компанијата Дојче Бан се во спор за зголемување на платата од 3,2%, што синдикатот го бара порано отколку што може да фирмата да го обезбеди. Покрај тоа, како што објави Ројтерс, синдикатот бара еднократна компензација поради коронавирусот, од 600 евра.
Кога станува збор за патничкиот сообраќај, штрајкот стапи на сила на 11 август во 2 часот, по средноевропско време.
Во комбинација со суспендирање на сообраќајот на товарните возови, кај Дојче Бан се очекува да загуби значителен приход во тој период, бидејќи продолжува да се бори со проблемите предизвикани од пандемијата.
ДБ ги окарактеризира плановите за штрајк како неодговорни и потенцијално деструктивни, означувајќи го менаџментот на ГДЛ како потенцијално одговорен за кршење на нагорната траекторија по која се движеше компанијата во последните неколку месеци. Германската компанија побара уште малку време за да обезбеди раст на платите, со цел да се справи со загубата на приходот што се случи во текот на 2020 година.
ГДЛ, сепак, не сакаше да се откаже од своите барања. Дури и откако Дојче Бан повика на понатамошни преговори, синдикатот ги отфрли, велејќи дека ДБ се чини дека не е заинтересирана да постигне договор и дека нивната последна понуда е уште полоша од претходната, пишува railfreight.com.