БЕЛГИСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ СО ИДЕЈА КАКО ДА ГИ НАПРАВАТ ПАРКИНЗИТЕ НА КАМИОНИТЕ ПОБЕЗБЕДНИ
Со започнување на бегалската криза, паркинзите за камионите стануваа се понебезбедни места. Досега надлежните се ограничија на едноставни решенија на проблемот кои не се многу корисни за возачите. Но се вели дека новите правила би требало да го разрешат овој проблем.
Веќе неколку години наназад, белгиските власти прибегнуваат кон затворање на паркинзите или воведување на ноќни забрани за паркирање на камиони се со цел да се обезбеди безбедност на возачот.
На овој начин, Белгија се обиде да се соочи со овој проблем, односно да се спротистави на штетите кои бегалците ги предизвикуваат на паркинзите и на камионите. Оваа појава на вандализам е најзачестена на Е40 рутата која води до пристаништето Калаис, каде што бегалците бараат начин како да влезат во приколките и на тој начин да пребегнат кон Велика Британија.
Досегашните решенија воопшто не ги спречуваа намерите на бегалците, туку им отежнуваа на возачите кои бараа место каде да се паркираат на задолжителен одмор. Бегалците продолжија со правење на штети (кршење на оградите на паркинзите или кинење на церадите на камионите), а белгиските власти не можеа да ги идентификуваат бидејќи истите се движат групирано.
Белгискиот пратеник, Маик де Вреше подготви предлог – закон, со кој се предвидува дека цела група која е фатена да врши вандализам да одговара за сторената штета. Тие треба да бидат казнети и затворени заради влегување на паркинзите и обивање на камионите.
Вакви слични регулативи се на сила од 2016 година и се однесуваат за белгиските пристаништа, каде самиот упад е казниво дело, а за сторителите не треба да се докажува на пр. дека уништиле ограда.
„Врз оваа основа, судот во Бриж, неодамна осуди шестмина бегалци на затворска и парична казна.“ – изјавува Вреше. Тој потврдува дека треба на овој начин да се однесуваат надлежните власти се со цел да се заштитат паркинзите и камионите. Но сеуште нема најава кога регулативите би стапиле на сила.