КОКА-КОЛА ГИ ВАДИ КОНТЕЈНЕРИТЕ ОД СВОЈОТ СИНЏИР НА СНАБДУВАЊЕ
Ова е резултат од недостигот на празни контејнери и слотови на бродовите на контејнерските превозници, како и застојот во големите контејнерски пристаништа, што го забавува ракувањето со товарот.
Според објавата на LinkedIn од Алан Смит, директор за набавки во Кока-Кола, Ирска, компанијата ангажирала три превозници на големо за да ги извршуваат своите испораки.
„Кризата со контејнери нè принуди да размислуваме нестандардно“, напиша г-дин Смит. – Вкупниот волумен на товарот е еквивалентен на 2800 TEU, а традиционално се доставуваше со контејнерски линии. “
Овие бродови ќе користат пристаништа за растресита стока, што значи дека Кока-Кола нема да се соочи со истото ниво на доцнење што се забележува при ракување со контејнерите. Компанијата се потпира на добра организација на ракување со товарот, за да не плаќа високи такси за D&D.
Проектот е пробен, а Coca-Cola се надева дека ќе биде добро решение за надминување на кризата со контејнерски достави.