ZTR И BLACKBERRY НАЈАВУВААТ ДИГИТАЛНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРАТЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ НА ВОЗОВИТЕ

Новото дигитално решение на ZTR и Blackberry има за цел да ја зголеми оперативноста и ефикасноста на сопствениците на камиони, оператори и добавувачи.

Откако се констатирало дека  постои голема потреба за далечинско пратење на железницата во однос на условите, да се врши увид на возниот парк и секако да има постои продолжен век на траење на батеријата, ZTR и Blackberry, решија да ги здружат своите сили во насока на пронаоѓање на соодветно решение.

Новото партнерство на двете компании се користи за да се искомбинира нивната експертиза, односно експертизата на ZTR во железничката индустрија и водечката технологија во комуникацијата на Blackberry. ZTR може да понуди високо ниво на техничка поддршка на т.н. железнички интернет на нештата (Internet of Thing – IoT), додека пак Blackberry може да врши управување со батериите и  безбедност на хардверските способности.

Извршниот директор и претседател на ZTR, изјави: „Ние секогаш се трудиме да ги предвидиме идните потреби на нашите клиенти, да ја подобриме достапноста, ефикасноста  и сигурноста преку иновации, па така спојувањето на двете високо технолошки развиени  компании може да доведе до  подобри технолошки продукти и вредности за клиентите.“

Новиот продукт е всушност алатка која нуди набљудување „од почеток до крај“ кое им помага на клиентите од железничката индустрија да ја подобрат својата ефикасност. Оваа алатка е достапна преку онлајн пратење. Во алатката се вклучени: податоци за локација, можност за зголемување на ефикасноста и податоци за измината километри на железничките транспортни средства и други транспортни средства кои не се движат по железничката пруга.

Кристофер Плат кој е потпретседател и генерален директор на Blackberry Radar, изјавил: „Познати како експерти за железницата, ZTR се совршен партнер за да помогнат во проширувањето на опсегот на делување на нашето решение за набљудување во еден домен кој е доста незаштитен како што е железничкиот транспорт. Во секој случај ќе се понудат решенија за можност на мониторирање на возниот парк и товарот кој го пренесуваат, па со самото тоа се очекува поголема профитабилност во железничката индустрија. Заедно со ZTR споделуваме визија за трансформирана и дигитализирана железничка индустрија, каде што решенијата за превоз ќе бидат базирани врз вистински податоци добиени преку алатката наменета за набљудување.“

Врз основа на силината на ова партнерство и експертизата која овие две компании ја нудат, новата алатка која е наменета за железничкиот транспортен систем е вистинското решение кое клиентите го бараат. Со помош на информациите кои ги нуди оваа софтерска алатка, железничките индустрии може да реализираат огромни придобивки бидејќи ќе можат директно да си ги набљудуваат своите активности и  да имаат податоци во вистинско време, а сето тоа да го искористат за ефикасна анализа,  известување и предвидување на нивните идни операции во насока на добивање на се поголема ефикасност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *